11.04.2024

Осум екипи ќе се борат за двете места кои водат во елитната конкуренција

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Почеток на доигрувањето, се бараат новите прволигаши

Дваесет и две кола, поточно дваесет одиграни натпревари се зад второлигашките екипи. А најдобрите осум по првиот дел од натпреварите, овој викенд ќе го стартуваат вториот дел – разигрувањето за две места кои водат во друштвото на најдобрите – Првата лига.

Согласно со системот за натпреварување во Втората лига, пласмна во полуфиналето ќе обезбедат победниците од четирите четвртфинални серии според принципот „подобар од три натпревари“.

Календарот вели дека стартот на оваа фаза ќе биде на 13. односно 14. април, а предност на домашен терен ќе имаат четирите првопласирани екипи од првиот дел.

Односно екипите на МКК Куманово, Шкупи, Маџари и Ангели, кои за противници ги имаат екипите на МЗТ Скопје Уни банка, Соколи 1933, Борец баскет и Мега баскет.

Вторите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 17.април, додека евентуалните трети натпревари, или т.н. „мајсторки“ се на 20. или 21.април.  

Кумановци тргнуваат како најголеми фаворити во следната натпреварувачка сезона да играат во елитната конкуренција.

Екипата која од клупата ја предводи Марин Докузовски го заврши регуларниот дел до максимален ефект – 20 натпревари – 20.победи, и извесно е дека се најблиску до тоа место кое води во Првата лига. Нивната прва пречка е екипата на Мега баскет, од која веќе беа подобри во двата натпревари од првата фаза од натпреварувањето.

Во слична ситуација, односно фаворитска улога се наоѓа и екипата на Шкупи, која во првиот круг од разигрувањето ја чекаат дуелите со велешки Борец баскет, па и Маџари кој има предност во средбите со штипски Соколи 1933.

Можеби најнеизвесна ќе биде серијата во која ќе се сретнат екипите на Ангели и на МЗТ Скопје. Не само поради „блискоста“ на табелата (четвртто и петтопласирани на табелата), туку и поради фактот што на двете страни од теренот ќе бидат голем број на млади играчи.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ

13.АПРИЛ (САБОТА)

17.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pvIIvSUpiV4?si=Uv12m5cHK0RVgNwk

17.30: Маџари – Соколи 1933

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3RWP6d8GaZI?si=WYMWlY2plfOY9q2s

19.00: Шкупи – Борец баскет

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0RMXNspsK3w?si=iwtMoKwmRr8NOqP3

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

16.00: МКК Куманово – Мега баскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1URhJOYIoIo?si=K73Tf9SgvwmNDwGe

*сериите во доигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“