Заврши одморот и за второлигашите. Од овој викенд стартуваат возбудувањата и во второлигашката конкуренција во која, ако се земат в предвид оние „движења“ за време на преодниот рок, се чини дека екипата на МКК Куманово влегува најсериозен кандидат во трката за двете места кои водат во повисокиот ранг на натпреварување.
Кумановци направија сериозен исчекор во екипирање на ростерот, но што е уште поважно, успеаја да ги ангажираат Марин Докузовски, кој ќе го преводи тимот на патот кон Првата лига.
Носител на оние играчки активности дефинитивно ќе биде Марјан Јанески, најискусниот во новоформираниот тим на „вториот“ тим од Куманово, во кој ќе биде и братскиот тандем од Гостивар, Ренато и Роберто Димитриески, но и младите надежи како Лука Димитриевски, Филип Стојановски, Милош Јовановиќ, браќата Стошиќ, кои беа и се дел од екипата и во изминатите неколку сезони.
Првата проверка ќе ја имаат веќе вечерва (20.30 часот) во натпреварот потив екипата на Тетекс ТТК повратникот во друштвото на второлигашите.
Сосема добар ростер направи и екипата на Ангели. Со некогашни младински репрезентативци како Горазд Величковски, Теон Богатиновски, Павел Атанасов, Давид Трпески, Васил Јаневски, нешто поискусниот Михајло Арсоски, кои извесно, со поддршка од стручниот штаб, предводен од тренерот Игор Гацов, ќе има што да (по) кажат во сезоната пред нас.
Без многу промени во ростерот „помина“ летото и во Штип. Екипата на Соколи 1933 лани беше во игра за место во Првата лига до последен момент, но остана на позицијата веднаш зад оние први две. Па оваа сезона е нова прилика за „поправка“.
Сепак, основното мерило е теренот, па останува да провериме, да видиме кој ќе истрча прв до целта низ оние 22. кола во регуларниот дел, плус и доигрувањето кое ќе ги даде новите учесници во елитниот ранг на натпреварување.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
6.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)
20.30: МКК Куманово - Тетекс ТТК
Сала „Перо Наков“ - Куманово
7.ОКТОМВРИ (САБОТА)
17.30: Водно Санс – Маџари
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
18.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
18.30: Ангели – Шкупи
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
19.00: Мега Баскет – Куманово 2009
Сала „Добре.Јовановски“ – Прилеп
8.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
17.00: Работнички – Борец Баскет
Сала „Градски парк“ - Скопје