21.04.2021

Подобро рангираните екипи обезбедија почетни (1-0) во четвртфиналната серија на плеј-офот

Втора лига-мажи: Почеток во знак на Ангели, Феникс 2010 и Чаир 2030

Екипите кои имаа подобри стартни позиции старуваа со успех во доигрувањето, односно натпреварите од плеј-офот во Втората лига кои треба да ги дадат двете екипи кои во следната сезона ќе играат во друштвото на најдобрите.

Екипите на Ангели, Феникс 2010, и Чаир 2030 ја одбранија предноста која со себе ја носи домашниот терен.

Најубедливо делуваа Ангели кои без никакви проблеми стигнаа до убедлив триумф над Тетекс ТТК (97:53).

Домаќините на почетокот на втората четвртина стигнаа до двоцифрена предност, која на полувремето изнесуваше плус 20 (46:26).

Добриот ритам на составот на Горан Ѓорѓиевски продолжи и во второто полувреме со што разликата на крајот на натпреварот изнесуваше  и 44 поени.

Без проблеми во водство од (1:0) во четвртфиналната серија стигна и тимот на Феникс 2010 кој во Маџари го доби дуелот против битолска Хераклеа со сигурни (88:64).

Скопскиот тим играше доста сигурно, ја контролираше и играта и резтѕпѕтатот во текот на сите 40.минути. На полувремето резултатот гласеше (41:29). Во вториот дел од играта „фениксовци“ притиснаа уште малку, за да дојдат до уште поубедлив триумф.

Најинтересно беше во Чаир, каде првопласираниот тим на Чаир 2030 доста тешко го скрши отпорот на велешкиот второлигаш (80:73).

Силно хендикепиран беше тимот на тренерот Ерхан Рамадан, со неиграњето на суспендираните Лејсон и Јетмир Зекири. Тоа добро го искористија кошаркарите на Борец Баскет, кои беа во игра за добар резултат на ова гостување се до последните три минути. Период во кои чаирчани ја направија пресудната серија за победа и водство (1-0) во серијата која за некој ден се сели во Велес.

Во последниот натпревар од првата четвртфинална рунда, Партизан Водно Санс треба да игра против екипата на Шкупи.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Чаир 2030 – Борец Баскет  80:73         (1-0)

Ангели – Тетекс ТТК   97:53 (1-0)

Феникс 2010 – Хераклеа    88:64         (1-0)

22.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

Партизан Водно Санс – Шкупи   ???