05.05.2021

Со двете полуфинални средби тргнува серијата која води во највисокиот ранг на натпреварување

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Полуфинален „филтер“ за Прва лига

Феникс 2010 или Партизан Водно Санс, Чаир 2030 или Ангели?

Одговори на овие две прашања ќе следат од денеска па во наредните денови кога се играат средбите од полуфиналето на плеј-офот за пополнување на Првата лига.

Четирите екипи кои ги добија четирите четвртфинални серии, Феникс 2010, Партизан Водно Санс, Чаир 2030 и Ангели од денеска тргнуваат во нови.

Исто така според системот „подобар во три натпревари“.

Предноста која ја носи домашниот терeн ќе ја имаат екипите на Феникс 2010 односно Чаир 2030, кои беа најдобрите во регуларниот дел од двете групи, „Исток“ односно „Запад“.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ – 1. НАТПРЕВАР

ДЕНЕСКА:

16.00: Феникс 2010 – Партизан Водно Санс

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – н. Маџари

17.00: Чаир 2030 – Ангели

Сала „Шабан Трстена“ - Скопје