Ако се суди според резултатите во првото коло, извесно е дека новата сезона во Втората машка лига ќе донесе доста возбудувања.
Дури пет победи на гостинските екипи од одиграни шест се слушија уште во првиот круг на натпреварите.
Предноста на домашен терен ја сочува само екипата на ГКК Охрид која беше подобра од Водно Санс (76:61).
Најинтересно беше во „Градски парк“, каде се сретнаа ланските третолигаши, екипите на Работнички и на МКК Куманово. И уште еднаш во неизвесен финиш славеа кумановци, со минимални (80:79).
Голема неизвесност имаше на дуелот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и на Соколи 1933. На крајот победата ја однесоа гостите од Штип (75:73).
Слично се одвиваа и работите на средбата во Струга, каде во возбудлива завршница триумфира уште една гостинска екипа – скопски Шкупи (91:88).
Во веројатно најинтересниот меч од првото коло „Под Кале“, во дуелот на некогашните прволигаши, кошаркарите на Ангели го совладаа Вардар со (74:69).
Најубедлив впечаток (според резултатот) остави екипата на Баскет Кам. На гостувањето во Велес, екипата од Македонска Каменица дојде до убедлив триумф со (75:56) и најави високи амбиции во новиот шампионат.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933 73:75
Црн Дрим – Шкупи 88:91
Вардар – Ангели 69:74
ГКК Охрид – Водно Санс 76:61
Работничи 2018 – МКК Куманово 79:80
Борец Баскет – Баскет Кам 56:75
ИДНО КОЛО (22.10)
Ангели – ГКК Охрид
Соколи 1933 – Вардар
Шкупи – Работнички 2018
Водно Санс – Борец Баскет
МКК Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка
Баскет Кам – Црн Дрим