30.10.2023

Велешани му го нанесоа првиот пораз на ко-лидерот на табелата, (85:76)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Пресврт-победа за Борец баскет против Водно Санс

ФОТО: Екипата на Шкупи беше подобра од Мега баскет

Кошаркарите на Борец баскет го добија дуелот со Водно Санс (85:76), што е воедно прв пораз за екипата од Скопје во воведниот дел од натпреварите во Втората лига.

Водно Санс го доби првото полувреме од дуелот во салата „Гемиџии“ (43:34). Но во продолжението на играта се беше на страната на домапната екиа. Имаа одличен финиш велешани. Во последните десет минуити направија (24-9), доволно за комплетен пресврт и победа.

Карталовиќ реализираше 24, а Стојковиќ 20 поени за екипата од Велес, која сега е на поовичен скор (2-2).

Скор од три победи и еден пораз има и екипата на Шкупи, која немаше проблеми на домашен терен стигна до релативно лесна победа над прилепски Мега Баскет (78:58).

Во екипата од Чаир имаше дури петмина кошаркари со двоен број на поени. Камбери постигна 15.поени, Миновски и Џеладини реализираа по 14, Димитровски додаде 11, а Величковски уште 10.поени.

До третата победа во четири одиграни кола стигнаа и кошаркарите на Маџари, кои на домашен терен беа поодобри од  Куманово 2009 совладувајќи го со сигурни (95:81).

Но и екипата на Соколи1933, која пак на гостински терен во скопскиот „Градски парк“ го победија Работнички 2018 со (87:70).

Последниот меч од ова кој, веројатно и најинтересниот, се игра во среда навечер. Од 20.часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово, единствената екипа без пораз, во првите кола од Втората лига, МКК Куманово

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Тетекс ТТК – МЗТ Скопје Уни Банка   61:91

Работнички 2018 – Соколи 1933        70:87

Шкупи – Мега Баскет 78:58

Борец Баскет – Водно Санс       85:76

Маџари – Куманово 2009         95:81

1.НОЕМВРИ (СРЕДА)

20.00: МКК Куманово – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1MzY1SG-XSs?si=zr9gVNWOttNTqBnE

ТАБЕЛА: Шкупи 7, Соколи 1933 7, Маџари 7, Водно Санс 7, МКК Куманово 6, МЗТ Скопје Уни Банка 6, Борец Баскет 6, Ангели 5 (-1), Мега Баскет 5, Работнички 2018 5, Куманово 2009 4, Тетекс ТТК 4;

ИДНО КОЛО (04.11)

Мега баскет – Tетекс ТТК

Водно Санс – МКК Куманово

МЗТ Скопје Уни Банка – Борец баскет

Куманово 2009 – Шкупи

Соколи 1933 – Маџари

Ангели – Работнички 2018