15.03.2024

На четири кола пред крајот, има уште некои дилеми, кои осум екипи ќе играат во Плеј-офот

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Релативно полесни противници за фаворитите, прилепско искушение за Ангели

Со дуелот кој е закажан за вечерва (од 20.30 часот), во салата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, каде се среќаваат екипите на Шкупи и на Работнички 2018, стартува 19. коло од Втората лига.
„Сино-белите“ важат за големи фаворити, се во серија од седум победи, и секој друг резултат би претставувал големо изненадување. Но фаворитската улога, екипата која ја предводи Тони Симиќ треба да ја потврди на теренот. Во слична ситуација е и екипата на Маџари, која има идентичен ефект како и онаа од Чаир (скор 13-3), која во сабота, од 19.часот го пречекува последнопласираниот тим во оваа конкуренција – Тетекс ТТК.

Во битката за позицијата 4, екипата на Ангели оди на нималку лесно гостување во Прилеп, каде ги чека Мега Баскет, тим кој пак се бара место во првата „осумка“ која ќе ги продолжи натпреварувањето во третиот дел – Плеј-офот.

За тоа место конкурира и екипата на Водно Санс, кога во овој круг од натпреварите има гостување во Аеродром каде ги чека МЗТ Скопје Уни Банка, во натпревар кој е закажан за 20.30 часот, во СЦ „Јане Сандански“.  

Важен за место кое води во доигрувањето, дефинитивно ќе биде и натпреварот кој се игра во Штип. Од 19.часот, во салата „Јордан Мијалков“ ќе играат Соколи 1933 и Борец баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 19. КОЛО

15.МАРТ (ПЕТОК):

20.30: Шкупи – Работнички 2018

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/w0c54ptUIg0?si=D3mKJruo8ybdxxXQ

16.МАРТ (САБОТА):

19.00: Соколи 1933 – Борец баскет

Сала „Јордан Мијалков“ - Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/aIASdcYaOiI?si=f-khrP6HJW19VJxU

19.00: Маџари – Тетекс ТТК

Сала „Наум Наумовски-Борче“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8t__0Qn1zPM?si=9Vmgw_pTSYCviK8s

19.00: Мега баскет – Ангели

Сала „Добре Јовановски“ - Прилеп

20.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Водно Санс

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nxlRGvvMYDQ?si=vHsoqr6lweV1iKgC

МКК Куманово - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 29, Маџари 29, Ангели 28, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Борец баскет 23, Соколи 1933 22, Водно Санс 22, Мега Баскет 21,  Работнички 2018 19, Тетекс ТТК 17;