22.05.2021

Во натпреварот за првото место, Феникс 2010 беше подобар од Ангели, во финалето славеше со сигурни (74:62)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Шампионскиот трофеј за Феникс 2010!

Екипата  на Феникс 2010 е најдобрата во Втората лига-мажи за сезоната 2020/2021.

Во финалниот натпревар кој одлучуваше за првото место во тековната натпреварувачка сезона, а во кој играа двете најдобри екипи од доигрувањето, „фениксовци“ беа подобри од Ангели.

Славеа со сигурни (74:62), по што со право го хренаа шампионскиот пехар наменет за навистина најдобрата екипа во второлигашка конкуренција кој им го додели претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

ЗА ПРВО МЕСТО

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 74:62

(11-19; 20-7; 22-16; 21-20)

ФЕНИКС 2010: Димитриески 13, Е Хот 13, Петков 5, Огњановски -, Мукаетов 4, Богатиновски 3, Србиновски 3, Митревски 4, А.Хот 11, Андоновски 21, Ѓорѓиевски -, Кацарски 4;

АНГЕЛИ: Станимировиќ 1, Митевски 16, Милевски -, Миновски 2, Стојановски 15, Митков, Атанасов 8, Јанев -, Огњеновиќ 7, Прентовиќ, Темелковски 2;

Освен во првата четвртина која ја добија „зелените“ со (19:11), се друго беше на страна на Феникс 2010. Како одминуваа минутите, така се враќаа резултатски и играчки во големото второлигашко финале одиграно во СРЦ „Кале“.

До полувремето, не само што ја стопија негативата, туку имаа и солидни (31:26). А по 15 минути одмор, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ заиграа уште посигурно. Го добија и третиот период, со (22:16), за уште повисоки и двоцифрени (53:42). Последниот дел помина во израмнеа игра во која Феникс 2010 го одбрани тоа сигурно водство и стигна до победничкиот трофеј, со што и официјално беше затворена сезоната 2020/2021 во Втората лига.

Токму овие две екипи ќе бидат и новите членови на Првата лига-мажи во сезоната 2021/2022, од која испаднаа екипите на Вардар и на Црн Дрим Грин мобиле.

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Партизан Водно Санс беше убедлива против Чаир 2030. Го добија малото финале „црно-белите“ со (105:77).

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

ЧАИР 2030 – ПАРТИЗАН ВОДНО САНС          77:105

(23-20; 19-29; 22-28; 13-28)

ЧАИР 2030: Рушити 11, Реџа 15, Ганиу, Исмани 10, Бајрам 21, Јакупи, Абдула, Шуки 2, Каин 1, Иванов 13, Сејфула 4;

ПАРТИЗАН ВОДНО САНС: Попатанасовиќ 7, Пецалевски 12, Ѓорѓиоски -, Благоевски -, Златевски 29, Цветков 4, Цариќ 10, Наумовски 10, Лозановски 17, Донаковски 13, Николовски 1, Лазаревски 2;