Екипата на Шкупи славеше победа над Маџари во дерби дуелот од Втората лига, по што чаирчани избија на второто место на табелата, поради подобриот кош-количник но и во двата меѓусебни натпревари (имаат вишок од пет поени)
Како и што се очекуваше, интересен натпревар се одигра во Чаир, а победникот беше решен во завршницата благодарение на двоецот Димитровски-Џеладини.
Гостите подобро го отворија натпреварот и во 4.минута имаа пет поени предност (12:7). Домаќините брзо се вратија во игра и првиот период го решија во своја полза со (25:23). Водеа чаирчани со +5, (28:23), но гостите возвратија и поведоа со најголеми за нив седум разлика (39:32).
На паузата, Маџари замина со предност од четири поени (44:40)
Иста слика и во вториот дел. Наизменично се менуваа двете екипи во предноста која не беше поголема од шест-седум поени.
Во последните шест минути се влезе со израмнети (73:73). Пресудија седумте поени во низа (од вкупно 13) на Димитровски, со кои Шкупи стигна до двоцифрена предност (86:75) која се покажа како решавачка. На крајот тимот на Шкупи славеше со конечни (87:80), доволно за да ја преземе втората позиција на табелата, која носи голема предност во доигрувањето.
Двојаковски имаше 20.реализации. Тачи имаше 14. реализации, Џеладини даде 11, но скоро сите во моментите на одлука.
Во екипата на Маџари, Тодоровски и П. Блажевски реализираа по 17.поени, Милков имаше 15, а К. Блажевски и Настовски го завршија дербито со по 10 поени.
А таму од онаа најдобрата ќе тргне екипата на МКК Куманово која во овој круг го декласираше прилепски Мега баскет (94:40). И недостижни три победи плус во пресрет на последните четири кола.
Во другиот, исто така важен меч, за оние горни места на табелата, екипата на Ангели го совлада МЗТ Скопје Уни Банка (68:58), за потврда на позицијата број 4, а освен тоа и се одалечи на два чекори напред во однос на „сино-белите“ од Аеродром.
А се чини дека се поблиску до Третата лига е екипата на Тетекс ТТК која загуби уште еден битен меч на свој терен. Подобри од нив беа кошаркарите на Соколи 1933 со резултат (105:92).
Со оваа победа штипјани се вратија во трката за место кое води во доигрувањето на кое атакува и Водно санс, екипа која во ова коло исто така стигна до победа на гостински терен, против Работнички 2018, со конечни (84:66).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 68:58
МКК Куманово – Мега баскет 94:40
Шкупи – Маџари 87:80
Тетекс ТТК – Соколи 1933 92:105
Работнички 2018 – Водно Санс 66:84
Борец баскет - слободен
ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 29, Маџари 29, Ангели 28, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Борец баскет 23, Соколи 1933 22, Водно Санс 22, Мега Баскет 21, Работнички 2018 19, Тетекс ТТК 17;
ИДНО КОЛО (16.МАРТ)
МЗТ Скопје Уни банка – Водно Санс
Шкупи – Работнички 2018
Соколи 1933 – Борец баскет
Маџари – Тетекс ТТК
Мега баскет - Ангели
МКК Куманово - слободен