Екипата на Шкупи е вториот финалист во разигрувањето за местата кои водат во Првата лига.
Со победата во третиот натпревар од полуфиналната серија, против екипата на Маџари (77:59), кошаркарите на Шкупи се промовираа и во нови прволигаши.
Претходно, тоа им појде од рака и на кошаркарите на МКК Куманово, кои беа подобри од екипата на Ангели во два одиграни натпревари, па овие две екипи во меѓусебен дуел, во финалето, закажано за 11.мај (сабота) во Куманово, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Втората лига-мажи за сезоната 2023/2024.
Иако имаа постојано водство, на крајот на првата четвртина, тоа беше изразено со (23:15), а подоцна и со двоцифрена бројка, сепак, до крајот на првото полувреме, домашните кошаркари не направија и некоја посериозна предност.
Имаа „вишок“ од шест поени (38:32) на големиот одмор.
Но по паузата, следуваше и најдобриот период во играта на „сино-белите“, која во десет минути им донесе недостижна предност. На влезот во последниот период од играта, Шкупи имаше повеќе од убедливи и недостижни за противникот, (57:40).
Во мечот на одлука, кој им донесе и место меѓу најдобрите екипи во мак-баскетот, прво поентерско име кај Шкупи, со 18.реализирани поени, беше Величковски, Тачи реализираше 15, Балоски даде 11, а Двојаковски имаше уште 10.поени.
На другата страна, Тодоровски постигна 17.поени, Карло Блажевски го следеше со 14.реализации, Милков даде 11, а Паоло Блажевски уште десет, но сето тоа беше недоволно за прволигашка промоција.
По пауза од пет години, Шкупи се врати, и повторно е дел од Првата лига!