По комплетирањето на вториот круг од четвртфиналето познати се три екипи кои обезбедија место во наредната елиминациска рунда – полуфиналната
Откако тоа прво го направија топ-фаворитите, екипите на МКК Куманово и Шкупи, истото им појде од рака и на кошаркарите на Ангели.
Додека пак екипите на Соколи 1933 и на Маџари за место во „првите четири“ ќе мора да одиграат и трет натпревар, откако во оној вториот, штипјани стигнаа до изненадувачки убедлив триумф против подоброрангираниот состав од Маџари. Пред своите навивачи во салата „Јордан Мијалков“, стигнаа до високи (87:72) и (1-1) во четвртфиналната серија која за некоја вечер ќе продолжи, или подобро кажано, заврши, во Скопје.
Екипата од Штип одигра одлично прво полувреме во кое се стекна со голема предност (46:27). Но тука и не застана, затоа што по три одиграни периоди, таа разлика беше уште повисока (67:41), па оној последниот се претвори во обична формалност.
Митев реализираше 18.поени, Коцев и Мирков дадоа по 15, капитенот Шајкаров постигна 12, а Дуев дополни со 11.поени за екипата на Соколи 1933.
Во противничката, Настовски даде 17.поени, К.Блажевски имаше 11, а Тодоровски беше стрелец на 10.поени.
На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на Ангели имаа резултатска предност во најголем дел од играта. А последниот дел го дочекаа со двоцуифрено водство од (51:40), кое се покажа како недостижно за младите „металци“.
Н.Арсовски постигна 16.поени за Ангели, капитенот Стојановски заврши со 13 реализации, а Стојанов имаше 12, доволно за место во полуфиналето и серија со МКК Куманово.
На другата страна од теренот, Настовски постигна скоро половина од поените за МЗТ Скопје Уни Банка – вкупно 29, додека Величковски додаде десет.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Борец баскет – ШКУПИ** 65:123 (0-2)
Мега баскет - МКК КУМАНОВО** 64:97 (0-2)
МЗТ Скопје Уни Банка – АНГЕЛИ** 63:66 (0-2)
Соколи 1933 – Маџари 87:72 (1-1)
*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“
**Обезбедиле пласман во полуфиналето