23.11.2024

Со скор (6-1) штипјани и велешани на делба на првата позиција по седум одиграни кола...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Соколи 1933 и Борец баскет ја продолжија серијата на победи

Екипите на Соколи 1933 и на Борец баскет продолжуваат со добрите игри и успешни резултати во Втората лига, штипјани и велешани запишаа уште по една победа.

Екипата од Штип беше сигурна на гостувањето во Струмица каде беше подобра од Академија ФМП со резултат (77:63), доволно за шестата победа во седум одиграни мечеви.

Ист скор има и екипата од Велес, која во овој круг од натпреварите излезе како победник во дуелот со екипата на Бутел (79:68).

Младиот репрезентативец, Стојковиќ беше реализатор на 26 поени за домашната екипа, Чадамов го следеше со 16, додека Карталовиќ имаше 12, а кај гостите од Скопје, Киров постигна 22.поени, Лазаревски даде 10, а Цариќ имаше уште девет.

Затоа пак екипата на Црн Дрим не беше толку успешна во овој седми круг, загуби на гостински терен во Прилеп. Подобра од нив беше екипата на Мега баскет која славеше со резултат (83:79).

Велески беше стрелец на 32.поени, а Јаневски додаде уште 18 за прилепскиот второлигаш. На другата страна,  блескаше Камиловски кој дојде од бројката од 36.поени, па стружани паднаа на ефект (5-2), каков што има и екипата на Ангели која го декласира младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка со резултат (97:50).

Балов реализираше 23.поени, го следеше Ибраими кој постигна 18. Богатиновски заврши со 17. реализации, додека Стојанов имаше уште 15. во победничката екипа. Во поразената, Величковски реализираше 14. поени.

Убедлив беше и тимот на Маџари кој на свој терен стигна до висока победа над екипата на Партизан Водно Санс (121:92), четвртта за тимот кој го предводи младиот тренер Миодраг Тодоровиќ.

Митков и капитенот Нацевски дадоа по 25.поени за домашната екипа, Миновски даде 22, Петкоски имаше два помалку.

Кај Партизан Водно Санс, најефикасен беше Бутемер со 20.поени, следен од Башоски со 15, Димовски и Митев кои дојдоа до 12.реализации, и Димитријев со 10.

Победа број 4 во оваа сезона и за екипата на Охрид, која без многу проблеми го совлада Работнички 2018, на домашен терен, во салата „Билјанини извори“ беше убедливи (86:63).

Бојовски беше прво име во нападот на охридскиот второлигаш, беше реализатор на 26.поени. следен од Атанасов кој додаде 20, и Стојаноски кој имаше уште 11.поени. На другата страна кај скопските „црвено-бели“, Цветковски постигна 22.поени, а Трајковиќ имаше 13.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

Охрид – Работнички 2018         86:63

Мега баскет – Црн Дрим           83:79

Борец баскет – Бутел      79:68

Маџари – Партизан Водно Санс         121:92

Академија ФМП – Соколи 1933          63:77

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка          97:50

ТАБЕЛА: Соколи 1933 13, Борец баскет 13, Ангели 12, Црн Дрим 12, Маџари 11, Охрид 11, Мега баскет 11, Бутел 10, МЗТ Скопје Уни Банка 10, Работнички 2018 8, Партизан Водно Санс 8, Академија ФМП 7:  

ИДНО КОЛО (30.11)

Мега баскет – Борец баскет

Рабоотнички 2018 – Маџари

Црн Дрим – Соколи 1933

Водно Санс – Ангели

МЗТ Скопје Уни Банка – Академија ФМП

Бутел - Охрид