21.04.2021

Денеска продолжува трката за две места кои водат во Првата лига...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Стартува „априлското лудило“

Кои две екипи од вкупно осум ќе бидат дел од Првата лига-мажи во сезоната 2021/2022, ќе стане јасно по завршувањето на плеј-офот во Втората лига, кој почнува денеска со одигрувањето на првите мечеви од четвртфиналето.

Осум екипи, по четири од групата „Исток“ и групата „Запад“, обезбедија место во елиминациските натпревари. Согласно со системот за натпреварување, пласман во наредната полуфинална фаза ќе обезбедат четирите екипи кои ќе стигнат до две победи во серијата „подобар во три“.

Предноста првите мечеви да ги играат на домашен терен обезбедија по двете екипи кои завршија на првата, односно втората позиција од регуларниот дел (одиграни 18.кола).

Според истиот систем, подоцна ќе се одигра и полуфиналната серија по која ќе ги добиеме двете екипи финалисти, и членови на Првата лига за сезоната 2021/2022.   

Првите натпревари од четвртфиналниот дел, носат со себе големи возбудувања. Макар што екипите кои се во улога на домаќини, се во некоја предност која ја носи домашниот терен.

Интересно, сите четири натпревари од првиот круг ќе се играат во Скопје.

Серијата ја отвора дуелот во Чаир, каде во салата „Шабан Трстена“ ќе се сретнат екипите на Чаир 2030 и Борец Баскет.  

Од 14.30 часот, во салата „Независна Македонија“, екипата на Ангели ќе го дочека составот на Тетекс ТТК. Додека пак од 15.часот, во скопската населба Маџари, стартува натпреварот Феникс 2010 – Хераклеа.

ВТОРА ЛИГА МАЖИ

ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДЕНЕСКА:

13.30: Чаир 2030 – Борец Баскет

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

https://youtu.be/vxVEGor1koo

14.30: Ангели – Тетекс ТТК

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/PJmmuyoGcCM

15.00: Феникс 2010 – Хераклеа

Сала „Наум Наумовски-Борче“- Скопје

22. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

18.10: Партизан Водно Санс – Шкупи

https://youtu.be/tUPXZX6vOvY