18.10.2024

Второто коло носи неколку интересни натпревари...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Уште еден „езерски предизвик“ за Маџари

Првото коло донесе токму таква најава, а оние екипи кои и важеа за некои фаворити, ја оправдаа тааа своја „улога“.

Екипата на Маџари „извади“ многу вредна победа на гостувањето во Охрид, па во овој круг од натпреварите, им следува уште еден натпревар, против уште една „езерска“ екипа, во овој случај, Црн Дрим од Струга.

Слично како скопската екипа, и она струшката имаше успешен почеток на новата сезона (стигна до победа против екипата на Водно Санс), па нивниот дуел, во сабота од 18.часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ веројатно ќе го одбележи ова првенствено коло.

Еден час подоцна, на блиска локација, во Кисела Вода, поточно во салата „Независна Македонија“ ќе играат екипите на Ангели и на Охрид, додека од 20.часот, ќе има уште една скопска пресметка, во СЦ „Јане Сандански“ ќе се натпреваруваат екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Бутел.

На другиот дел од Скопје, во салата на СЦ „Борис Трајковски“ пак ќе се игра (од 15.30 часот), дуелот во кој се уште две екипи од главниот град, Партизан Водно Санс и Работнички 2018.  

Два натпревари од ова второ коло ќе се играат во неделни термини.

Од 16.30 часот, во салата „Никола Карев“ во Струмица ќе се сретнат екипите на Академија ФМП и Борец баскет, додека пак од 18.часот, во Штип ќе играат две екипи кои исто така имаа добар старт во сезоната – Соколи 1933 и Мега Баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

19.ОКТОМВРИ (САБОТА)

15.30: Партизан Водно Санс – Работнички 2018

СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/148XtbhSVJE?si=uA-ldVP57K-RUQuq

18.00: Маџари - Црн Дрим

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/S3RxGNSJfCM?si=KsoNabbE4wgkt1Hz

19.00: Ангели – Охрид

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Z-Vq_JvRCyg?si=siG9KMeY7QAsKTC3

20.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Бутел

СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4y1tbLU-MVs?si=Pjovjx9xmYu4l19k

20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

16.30: Академија ФМП – Борец баскет

Сала „Никола Карев“ – Струмица

18.00: Соколи 1933 – Мега баскет

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0pKCqNCrXs0?si=Lt_go-_LTzGHPR86