25.02.2024

Во колото број 16, фаворитите беа сигурни, Куманово 2009 се збогува со играњето во оваа конкуренција...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Уште едно коло без изненадувања

Уште едно коло без изненадување во Втората лига. Водешките екипи на табелата запишаа нови победи, растојанието остана – исто.

Редоследно гледано, најубедлив беше настапот на лидерот на табелата, екипата на МКК Куманово која едноставо беше пресилен противник за младиот состав на Водно Санс. Славеа „сино-белите„ со повеќе од убедливи (96:49), по 16.пат по ред, за чување на предноста од две победи во однос на Маџари, екипа која во ова коло одигра сигурно и славеше планиран триумф во дуелот со штипски Соколи 1933 (84:62). Доволно за ефект (14-2), и второ место на табелата.

Победа, но службена, поради исклучувањето од лигата на екипата на Куманово 2009 (втор службен пораз во сезоната), запишува и скопски Шкупи.

Во онаа „долна половина“ на табелата, се чини дека најважен е триумфот на екипата на Мега баскет, и тоа на гостувањето во Тетово, каде беа подобри од Тетекс ТТК со сигурни (83:70).

Би се рекло за потврда на второлигашкиот статус на прилепчани, и една многу тешка, сложена ситуација за тетовци во трката за избегнување на позицијата број 11 која води во понизок ранг, заедно со Куманово 2009.

Победа за останување во првата „четворка“ запишаа и кошаркарите на Ангели. На гостувањето во „Градски парк“ беа многу подобри од Работнички 2018, славеа со убедливи (90:68).

А во последниот меч од ова 16. коло, во Велес, Борец баскет излезе како победник против МЗТ Скопје Уни Банка. Славеа велешани со резултат (66:62), За половичен ефект (8-8), и шесто место на табелата.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Тетекс ТТК – Мега баскет           70:83

МКК Куманово – Водно Санс   96:49

Маџари – Соколи 1933  84:62

Работнички 2018 – Ангели        68:90

Шкупи – Куманово 2009 20:0 сл.

Борец баскет – МЗТ Скопје Уни банка    66:62 

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 30, Шкупи 29, Ангели 26, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Борец баскет 24, Соколи 1933 23, Мега Баскет 22, Водно Санс 21, Работнички 2018 21, Тетекс ТТК 18, Куманово 2009 14;

ИДНО КОЛО (02.03)

МЗТ Скопје Уни Банка – МКК Куманово

Маџари – Работнички 2018

Мега баскет – Борец баскет

Водно Санс – Ангели

Соколи 1933 – Шкупи

Тетекс ТТК - слободен