Кошаркарите на Вардар се победници во натпреварите од Втората лига-мажи. Во натпреварот за трофејот, вечерва во салата на СРЦ „Кале“, „црвено-црните“ беа подобри од ГКК Охрид. Славеа со убедливи (89:74), само како потврда на првата позиција пред баражот за пополнување на двете места кои водат во највисокиот ранг на натпреварување.
Во последниот меч од сезоната, „вардарци“ беа доминантни во втората и во третата четвртина. Или 20. минути во кои парцијално направија „вишок“ од 20.поени (49:29), кои беа и повеќе од доволни за шампионскиот трофеј.
Хусеин Бајрам, со 18 реализирани поени беше најдобриот стрелец во победничката екипа, додека пак во онаа од Охрид, 14 реализираше Столески.
*Претходно, во натпреварот за третото место, кошаркарите на Ангели излегоа како победници против екипата на Соколи 1933 (77:63), во натпревар во кој за тимот од Драчево одлично одигра Михајло Арсовски, реализатор на 33. поени. На другата страна, прв поентеер беше Кацарски кој постигна 16.поени.
ФОТО: Кошаркарите на Ангели стигнаа до третото место во Втората лига
Со тоа и официјално е ставен крај на натпреврувањето во Втората лига-мажи за натпреварувачката сезона 2022/2023. Екипите на Вардар од Скопје и ГКК Охрид се нови прволигаши.