ФОТО: Штипјани и „вардарци“ продолжија со победувањето и во десетиот круг
Десеттото коло не донесе некои сериозни промени во изгледот на табелата во Втората лига. Двете екипи кои важат за лидерски, успешно ги минаа своите пречки кон потврдата на најдобрата стартна позиција во доигрувањето за места кои водат во Првата лига.
Вардар беше убедлив против Водно Санс. На свој терен „вардарци“ славеа со високи (97:61), за скор од осум победи и два порази. Ист таков има и екипата на Соколи 1933. Кошаркарите од Штип како гости во Струга го совладаа последнопласираниот Црн Дрим со сигурни (86:70).
Чекорот со водечките го држат и екипите на Работнички 2018 и Ангели. Младиот состав го доби дуелот со вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка со (80:77), за ефект (7-3), идентичен со оној на екипата на Ангели која во овој круг од натпреварите беше подобра од Баскет Кам (81:64).
Нова победа реализира и екипата на Борец Баскет, на домашен терен во салата „Гемиџии“ во Велес го победија МКК Куманово со (85:78), па сега се на скор (4-6), со кои излегуваат од опасната зона коај води кон понискиот ранг на натпреварување.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
Црн Дрим – Соколи 1933 70:86
ГКК Охрид – Шкупи 82:75
Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка 80:77
Вардар – Водно Санс 97:61
Ангели – Баскет Кам 81:64
Борец Баскет – МКК Куманово 85:78
ТАБЕЛА: Вардар 18, Соколи 1933 18, Ангели 17, Работнички 17, ГКК Охрид 16, МЗТ Скопје Уни Банка 15, Водно Санс 15, МКК Куманово 15, Борец Баскет 14, Шкупи 13, Баскет Кам 12, Црн Дрим 10;
ИДНО КОЛО (24.12)
МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар
Соколи 1933 – Работнички 2018
Шкупи – Борец Баскет
Водно Санс – Ангели
МКК Куманово – Црн Дрим
Баскет Кам – ГКК Охрид