26.12.2022

„Црвено-црните“ го добија дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка (98:90), а Соколи 1933 загуби дома од Работнички 2018 (80:88)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Вардар од првото место на зимски распуст

ФОТО: Вардар е осамен на првото место на табелата по првиот дел

Мошне неизвесен ќе биде вториот дел од сезоната, барем таков е расплетот на ситуацијата по одигрување на половина од регуларниот дел од натпреварите во Втората лига.

На зимски одмор, како првопласирана екипи оди скопски Вардар.

Момците во „црвено-црна“ комбинација славеа победа на гостувањето кај МЗТ Скопје Уни Банка (98:90), па по одигрувањето на ова 11. коло, избија на првото место на табелата, имаат ефект (9-2), најдобар во првиот круг од второлигашкото натпреварување.

Во целост го искористија киксот на екипата на Соколи 1933 која на домашен терен загуби од младиот тим на Работнички 2018 со резултат (80:88). Штипјани се на скор од осум победи и три порази, идентичен на оној кој го има се подобриот состав на скопски Ангели.

ФОТО: Кошаркарите на Ангели се пробија на делба на втората позиција во Втората лига

Екипата од Драчево, предводена од тренерот Игор Гацов, се проби на делба на второто место откако на гостински паркет беше подобра од Водно Санс (88:81).

А дефинитивно во трката за најдобрите позиции пред доигрувањето е и екипата на Работнички 2018, веројатно најмладата во ова друштво.

Вториот дел од сезоната во Втората лига-мажи ќе продолжи на 28. јануари, 2023 година, со одигрување на 12. коло.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар         90:98

Соколи 1933 – Работнички 2018        80:88

Шкупи – Борец Баскет    75:58

Водно Санс – Ангели       81:88

МКК Куманово – Црн Дрим      87:60

Баскет Кам – ГКК Охрид 69:79

ТАБЕЛА: Вардар 20, Ангели 19, Соколи 1933 19, Работнички 19, ГКК Охрид 18, МКК Куманово 17, МЗТ Скопје Уни Банка 16, Водно Санс 16, Шкупи 15, Борец Баскет 15, Баскет Кам 13, Црн Дрим 12;

ИДНО КОЛО (28.01.2023)

Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка

Шкупи – Црн Дрим

Водно Санс – ГКК Охрид

МКК Куманово - Работнички 2018

Ангели – Вардар

Баскет Кам – Борец Баскет