27.10.2023

Викендов, на програмата се натпреварите од 4. првенствено коло

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Велешки предизвик за Водно Санс, дерби дуел во Куманово

На ред е четвртото второлигашко коло кое со себе носи неколку неизвесности.

Лидерскиот двоец на табелата, екипите со максимален ефект, како МКК Куманово и Водно Санс го чекаат со нешто различен распоред. Водно Санс оди на нималку лесно гостување во Велес, каде во недела, од 18.часот, во салата „Гемиџии“, ги чека Борец Баскет.

Својот меч од ова коло пак кумановци ќе го одиграат нешто подоцна. На 1. ноември (среда), а за противник ја имаат се подобрата екипа на Ангели, која брзо се опорави по стартниот неуспех против Шкупи.

Екипата од Чаир пак во ова коло (сабота, 18.часот), на свој терен го дочекува прилепски мега Баскет, со желба за прва победа на домашен паркет (досегашните две се гостински против екипите на Ангели и на МЗТ Скопје Уни Банка).  

В онеделниот термин ќе се одиграат уште два натпревари. Од 18.часот, Работнички 2018 е домаќин на штипски Соколи 1933, додека пак два часа подоцна (20.00), во салата „Наум Наумовски-Борче“, Маџари го пречекува  довчерашниот прволигаш, Куманово 2009.

А нова шанса за прва победа во новата сезона како второлигаш, екипата на Тетекс ТТК ќе бара против младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка во меч кој е закажан за сабота од (20.часот).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

28. ОКТОМВРИ

18.00: Шкупи – Мега Баскет

Сала „Иван Хаџи-Николов“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zs5dLQpzdqo?si=UnhohOI4jqDlYlA-

20.00: Тетекс ТТК – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Економско“ - Тетово

29.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Работнички 2018 – Соколи 1933

Сала „Градски парк“ - Скопје

18.00: Борец Баскет – Водно Санс

Сала „Гемиџии“ - Велес

20.00: Маџари – Куманово 2009

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sjWcGmFICno?si=q-nuwmVGeltfrV2N

1.НОЕМВРИ (СРЕДА)

20.00: МКК Куманово – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1MzY1SG-XSs?si=zr9gVNWOttNTqBnE

ТАБЕЛА: МКК Куманово 6, Водно Санс 6, Ангели 5, Шкупи 5, Маџари 5, Соколи 1933 5, Мега Баскет 4, Борец Баскет 4, МЗТ Скопје Уни Банка 4, Работнички 2018 4, Тетекс ТТК 3, Куманово 2009 3;