Уште една голема пречка прескокнаа кошаркарите на МКК Куманово во обидите регуларниот дел од сезоната да го завршат со максимален број на победи.
Во доста рамноправен натпревар во кој решија нијансите, кумановските „сино-бели“ славеа на гостувањето кај Маџари, со конечни (68:60).
По изедначената игра во првото полувреме, во кое МКК Куманово заврши со два поени вишок (34:32), се чини дека дербито го одлучи третиот период од играта, во кој гостите од Куманово успеаја да се одвојат на (49:41), и таа позитива да ја задржат.
Во победничката екипа, Јовановиќ беше стрелец на 19.поени, капитенот Јанески реализираше 12, а Ренато Димитриески и Стојановски придонесоа со по девет реализации.
Паоло Блажевски даде 15.поени за Маџари, Тодоровски запиша 11 поени, Карло Блажевски даде 8, а Настовски уште 7.поени, премалку за да се совлада непобедливата екипа од Куманово.
Поразот на Маџари ги израдува сите во редовите на Шкупи, екипа која имаше убедлив настап против велешки Борец баскет кој го крунисаа со висока победа (111:70), и осигурено второто место во доигрувањето.
На коло пред крајот на регуларниот дел, Шкупи има победа повеќе, но и подобар скор во меѓусебните дуели со екипата на Маџари, која ќе стартува од позицијата број 3.
Тренерот на „сино-белите“, Тони Симиќ, го искористи моментот да им даде шанса на оние играчи со помал број на минути.
Капитенот Камбери реализираше 24.поени, Балоски даде 23, Џеладини 12, Димитровски 11, а Тачи заврши со десет реализирани поени.
Кај велешани, Камишев беше реализатор на 22.поени, а Петровски додаде 13.
Многу важна победа, со која остануваат во игра з аопстанок во оваа конкуренција, остварија кошаркарите на Тетекс ТТК. На свој терен, во Тетово, беа многу подобри од директниот ривал во борбата за позицијта број 10 која носи играње во втората лига и во наредната сезона.
Славеа со убедливи (77:56), против Работнички 2018, што е нивна втора победа во сезоната. И имаат само една помалку во однос на „црвено-белите“ во пресрет на последното коло во кое тетовци одат на гостување во Велес, и играат против Борец баскет, додека пак Работнички 2018 на свој терен го пречекува составот на Мега баскет, и во кој со евентуална победа ќе ги тргнат сите дилеми околу опстанокот.
Прилепчани во овој круг од натпреварите стигнаа до уште еден домашен триумф, сега во дуелот со екипата на МЗТ Скопје Уни Банка (72:61), кој им носи надеж дек во последниот круг од натпреварите може да избијат на осмата позиција.
Секако под услов да бидат подобри од Работнички 2018, а нивниот конкурент, Водно Санс, запише негативен резултат на средбата со Соколи 1933.
Штипјани во ова коло беа убедливо подобри од екипата на Ангели. Славеа со високи (82:60), и се шести на табелата со ефект (8-11), односно имаат една победа повеќе од Борец баскет (7-12).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 21.КОЛО
Маџари – МКК Куманово 60:68
Тетекс ТТК – Работнички 2018 77:56
Мега баскет – МЗТ Скопје Уни Банка 72:61
Соколи 1933 – Ангели 82:60
Шкупи – Борец баскет 111:70
Водно санс - слободен
ТАБЕЛА: МКК Куманово 38, Шкупи 35, Маџари 34, Ангели 31, МЗТ Скопје Уни Банка 31, Соколи 1933 27, Борец баскет 26, Водно Санс 25, Мега Баскет 25, Работнички 2018 22, Тетекс ТТК 21;
ИДНО КОЛО (06.04)
Работнички – Мега баскет
Ангели – Маџари
Борец баскет – Тетекс ТТК
Водно Санс – Соколи 1933
МКК Куманово - Шкупи
МЗТ Скопје Уни Банка - слободен