ФОТО: Штипјани убедливи против Баскет Кам пред своите гледачи во Штип
Непотполното 5.коло (треба да се доиграат уште два натпревари во текот на оваа седмица), не донесе сериозни промени во изгледот на табелата во Втората лига.
Водечките екипи забележаа сигурни победи, доволни за да останат на истите позиции.
ГКК Охрид го доби „езерското дерби“, на гостински терен во Струга, беше подобар од Црн Дрим (71:55), за скор (4-1).
Со ист ефект е и екипата на Вардар, која во овој круг од натпреварите без особени проблеми помина низ Велес, и го совлада Борец Баскет со (79:57).
Многу убедлива победа реализираа и кошаркарите на Соколи 1933 на свој терен, во Штип беа многу подобри од Баскет Кам (95:69), за нив победа број 4, за делба на лидерското место на кое може да стигне и екипата на Ангели, која својот меч од ова коло, против Работнички 2018 ќе го одигра на 17. ноември.
Ден порано, на 16. ноември (среда), е закажана средбата МЗТ Скопје Уни Банка-Водно Санс
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Црн Дрим – ГКК Охрид 55:71
Соколи 19433 – Баскет Кам 95:69
МКК Куманово – Шкупи 81:56
Борец Баскет – Вардар 57:79
16.11: МЗТ Скопје Уни Банка – Водно Санс
17.11: Работнички 2018 – Ангели
ТАБЕЛА: ГКК Охрид 9, Вардар 9, Соколи 1933 9, МКК Куманово 8, Ангели 7 (-1), Баскет Кам 7, Шкупи 7, МЗТ Скопје Уни Банка 6 (-1), Водно Санс 6 (-1), Работнички 6 (-1), Црн Дрим 5, Борец Баскет 5;
ИДНО КОЛО (19.11)
ГКК Охрид – Работнички 2018
Вардар – Шкупи
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
Водно Санс – Соколи 1933
Борец Баскет – Црн Дрим
Баскет Кам – МКК Куманово