27.01.2024

Во дуелот кој важеше како најинтересен во 12.коло, видно изменетиот состав на Шкупи без проблеми го победи Ангели (93:58)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Водечките без проблеми до нови победи

Првото коло во новата 2024 година, или вкупно 12. во Втората лига-мажи, не донесе скоро никакви изненадувања. Водечките екипи на табелата во оваа конкуренција, стигнаа до сигурни победи, што „во превод“ значи дека нема промени и на табелата.

Лидерската екипа на МКК Куманово го продолжи победничкиот низ со убедлив триумф во Тетово, каде е совладан Тетекс ТТК со (97:71), за максимални 12 победи во исто толку мечеви.

Во победничката екипа, капитенот Марјан Јанески постигна 33.поени за МКК Куманово, другиот од најискусните играчи во ростерот креиран од тренерот Марин Докузовски, Штерјов го следеше со 13, Б. Стошиќ даде 12, а Димитриевски имаше уште 10.

Паоло Блажевски даде 19.поени, Карло Блажевски и Амар Хот реализираа по 13.поени, Донаковски 12, а Настовски имаше уште 11.реализации во победата на Маџари против Водно Санс од (101:88), која ги остава на позицијата број 2.  

А во натпреварот кој требаше да го одбележи ова 12. коло, убедлива победа на екипата на Шкупи против Ангели од (93:58).

Видно променетиот тим на Шкупи во кој има неколку нови играчи, како Двојаковски, Тачи, Балоски, Здравковиќ и Абрашев (не настапи на овој меч), оствари доминација во раната фаза од натпреварот. А на полувремето, избраниците на тренерот Тони Симиќ веќе имаа висока предност (47:20) која ја потврдија во вториот дел од играта во слаата „Зеф Љуш Марку“.

Новакот Двојаковски и Џеладини, постигнаа по 19.поени за Шкупи, Димитровски реализираше 15.поени, а уште едно ново лице во домашната екипа, Тачи додаде 14.

Кај Ангели, девет поени даде Трпески, исто толку имаше и Стојанов, еден помалку постигна Арсовски, а Атанасов заврши со седум реализации...

Најголема неизвесност имаше во дуелот во Штип, каде на крајот МЗТ Скопје Уни Банка го совлада домаќинот, Соколи 1933 со резултат (74:71).Настовски имаше 20.поени за МЗТ Скопје Уни Банка, Спасовски 14, Стојановски 14, а Ангелковски постигна десет поени.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Шкупи – Ангели    93:58

Маџари – Водно Санс     101:88

Куманово 2009 – Мега баскет 35:73

Тетекс ТТК – МКК Куманово     71:97

Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка           71:74

29.ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.00: Борец Баскет – Работнички 2018

Сала „Гемиџии“ – Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/P-na6Oo7Dqw?si=k_SDdvNRIg-snD0U

ТАБЕЛА: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи 21, МЗТ Скопје Уни Банка 21, Ангели 19, Соколи 1933 17, Мега Баскет 16, Борец баскет 16 (-1), Водно Санс 16, Работнички 2018 15 (-1), Тетекс ТТК 14, Куманово 2009 11 (-1);