19.10.2024

Во второто второлигашко коло, нови победи за екипите кои беа сигурни и во она првото...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Втора победа за МЗТ Скопје Уни Банка, Маџари, Ангели...

Ново коло, новии успешни игри за екипите кои имаа добар старт во второлигашшката конкуренција.

Тоа во прв ред се однесува за екипата на Маџари, која беше многу подобра од Црн Дрим, но и онаа на Ангели, кој без особени проблеми излезе како победник, и тоа убедлив во дуелот со Охрид.

По стартната победа во Охрид, кошаркарите на Маџари беа уште поубедливи против екипата од Стругам ја совладаа со превисоки (109:72).

Убедлив беше и настапот на екипата на Ангели која славеше со сигурни (83:59), довол,но за да го задржи максималниот скор по две одиграни кола.

На оваа средба Стојанов реализираше 24.поени, исто толку искомбинира двоецот Стојановски-Богатиновски. На другата страна од теренот, Атанасов и Стојановски постигнаа по 12, а Бојовски го заврши натпреварот со еден поен помалку – 11.

Абди даде 17, Масевски постигна 16, Лазаров 14, а Палевски уште 13. поени во победата на МЗТ Скопје Уни Банка против екипата на Бутел (81:76). Тоа е втор успех за тимот кој оваа сезона од клупата го предводи Небојша Ѓуковиќ.

На другата, гостинска страна, поените ги распределија:  Киров кој реализираше 16, Рисртовски постигна 12, Лазаревски еден помалку, додека Тодоровски заврши со 10.

Убедлив беше и настапот на младите кошаркари на Работнички 2018 на гостувањето против Партизан Водно Санс, заокружен со висока победа (111:81), за нив прва во новата сезона.

Ванчов дојде до 30.поени за гостинската екипа, Цветковски имаше 20, а Нешовиќ додаде уште 10. Во домашната, Д. Бутемаер уфрли 15.поени,  Митев имаше 14, а Костов 12. реализации.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Партизан Водно Санс – Работнички 2018   81:111

Маџари - Црн Дрим         109:72

Ангели – Охрид     83:59

МЗТ Скопје Уни Банка – Бутел      81:76

20. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

16.30: Академија ФМП – Борец баскет

Сала „Никола Карев“ – Струмица

18.00: Соколи 1933 – Мега баскет

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0pKCqNCrXs0?si=Lt_go-_LTzGHPR86