20.10.2025

Овој викенд ќе започнат и натпреварите во второто, според ранг натпреварување во женскиот сениорски сегмент

ВТОРА ЛИГА-ЖЕНИ: Седум желби за едно место во елитната конкуренција

Една недела по одигрување на првото коло во „Спаркасе Лајф“ Првата лига, ќе стартуваат и натпреварите од Втората женска сениорска лига.

Согласно бројот на пријавени клубови – седум, односно системот за натпреварување, во првиот дел од сезоната ќе се игра според двокружен бод-систем - „секој со секого“.

Односно седумте пријавени екипи ќе одиграат по 12. натпревари во 14. натпреварувачки кола.

Во вториот натпреварувачки сегмент, односно плеј-офот, пласман ќе обезбедат првопласираните четири екипи од првиот дел.

Полуфиналето ќе се игра според принципот „подобар од три натпревари“, според формат „1-1-1“ со предност на домашен на подоброрангираните екипи.

Победниците од двете полуфинални серии ќе обезбедат место во финалето кое ќе се игра според истиот систем како и полуфиналето.

Победникот ќе обезбеди пласман во „Спаркасе Лајф“ Прва лига-жени за натпреварувачката сезона 2026/2027.

Календарот за натпреварување вели дека првото првенствено коло во Втората лига-жени ќе се одигра на 25/26. октомври, додека последното коло од регуларниот дел е предвидено за 28.февруари, односно 1. март, 2026 година.

Почетокот на полуфиналните серии е предвиден за 7/8. март, вториот меч од серијата ќе се игра на 21/22. март, додека евентуалниот трет натпревар би се играл на 25.март (на теренот на подобро рангираната екипа).

Првиот натпревар од финалето на плеј-офот ќе се игра на 28. или 29.март, вториот на 1. или 2. април, а евентуалната „мајсторка“ на 4. или 5. април, 2026 година.

*Поради настапите на женската сениорска репрезентација – во периодот од 12, до 18. ноември, оваа година, односно 11. до 17.март во 2026 година, нема да се играат редовно закажаните првенствени кола.

Пауза, односно „слободен викенд“ во ова натпреварување ќе има и во термините кога ќе се играат натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, и тоа на 27/28. декември (четвртфинале), односно на 14/15.февруари. 2026 година (финален турнир).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВТОРАТА ЛИГА-ЖЕНИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2025/2026