18.01.2020

ВТОРА ВЕЧЕР ОД 12. КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА: Пелистер „академски“ во Кисела Вода

Битолчани потврдија дека со право се надеваат на место во Суперлигата, го победија новакот во елитното друштво, Академија ФМП со сигурни (68:58)...

 

Надежите дека во оваа сезона може да играат Суперлига за кошаркарите и стручниот тим на Пелистер остануваат. Особено по сигурниот триумф на почетокот на вториот дел од сезоната.

Битолчани стартуваа во Кисела Вода, против Академија ФМП, и победија

АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР           58:68

(18-20; 13-18; 11-16; 18-12)

Освен почетните (4:0), се друго, барем во првата четвртина, беше на страната на битолските „зелено-бели“. Со серијата (11-2), го превземаа водството (11-6), кое го задржаа до истекот на 10.минута, (20:18).

Серијата (7-0) со траење од нецели три минути, ги донесе гостите до највисоките (27:18). Таа предност ја чуваа практично до последниот напад во кој згрешија дури два пати, и беа казнети со лесно положување на Харис, за не баш високи (38:31) во корист на Пелистер.

Според прикажаното, сигурно прифатлива негатива за домашната екипа во која поентерски, со десет поени, се одвои најмладиот, Лука Стојановски.

На другата страна, ист број на поени имаше репрезентативецот Адем Мекиќ.

„Пелистерци“ не попуштаа ниту во второто полувреме. Притиснаа уште малку посилно во одбраната. Отворија нова серија, сега од (9-2) со која се одлепија на највисоки (47:33), како што беше во 25.минута.

Ништо поразлично не беше ниту на истекот на третиот дел од играта (42:54).

Во оној последниот, потполно закочи шутот од далечина на домашните. Имаа катастрофални (1/14) во шутот за три поени, со кој тешко можеа да се надеваат на некаков пресврт во играта. Особено ако се знае дека кошот на противникот го погодуваше единствено Харис.

Пелистер „отиде“ и на плус 20 (64:44), на 4:23 минути пред крајот, и покажа дека е подобра екипа и дека со право се бори за место во Суперлигата.

Комплетна статистика од мечот ТУКА.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КОЖУВ      68:91

(15-27; 14-26; 25-26; 14-12)

Одлична прва четвртина за Кожув во Кавадарци. И двоцифрено водство (27:15), во кое свое учество имаа сите пет стартери, но најголем беше ефектот на Пејн, стрелец на 13.поени. Но и очајно слабиот процент на реализација на домашната екипа од само 25% од поле во таа уводна четвртина од дуелот во „Јасмин“.

Имаа гевгеличани и плус од 19.поени (37:18), по нецели 14.минути од мечот. Потоа и (39:20), а по 19. поен на расположениот Пејн.  

Тоа феноменално прво полувреме Кожув го затвори со уште поубедливи (53:29), а Пејн со 23.поени, а  нивниот тренер Александар Јончевски го искористи да им даде и по некоја минута на помладите сили, како Петров, Колев и малку поискусниот, Лефкоски.

Имаа гевгеличани и уште повисоки (62:34) во првите минути од третата четвртина. Интересно, дадоа само три тројки (од 12.обиди) во тој период од играта. Но „незабележливо“ во конечниот епилог од нивното гостување во Кавадарци по кое сега се израмнија според бројот на поени со еден од конкурентите.

Кожув и Еуро Никел 2005 се на ефект од 8.победи и 4.порази.

Комплетна статистика од мечот ТУКА.

РАБОТНИЧКИ – КУМАНОВО     77:72

(22-23; 15-15; 16-13;24-21)

Љубомир Младеновски имаше одлича прва четвртина, која ја заокружи со 11. реализации. Но и тоа се покажа како недоволно добро за Работнички да го задржи водството. По истекот на првиот период, Куманово имаше „поен вишок“ (23:22), а комплетната прва петорка се запиша во листата на стрелците.Во вториот, тргна Работнички со серија (7-2) со која ја врати предноста на своја страна (29:25). Но и тоа не траеше долго, неизвесноста во мечот во „Градски парк“ траеше до истекот на полувремето, кое со еден поен плус го добија гостите од Куманово (38:37).Во голема мерка и поради ефектот на новакот во нивните редови, Црниќ, кој постигна 14.поени за нецели 16.минути поминати во игра во својот прв меч за „сино-белиот“ тим.Иако „црвено-белите“ подобро ја почнаа третата четвртина и се одвоија на неколку поени разлика, нерешено беше и по 28.минути игра (47:47). А таа сиромашна, спроед бројот на дадени поени, сепак Работнички ја реши во своја корист, за водство (53:51).

Серијата на поени без одговор домашниот тим ја продолжи и во периодот од одлука. Со серија (12-4), Работнички стигна и до двоцифрена предност (65:55).Но кумановци не се предаваа. А петте последуватели поени ги вратија во игра, назад во мечот (60:65) во кој останаа да се играат цели пет минути.  Ја прекина, во вистинско време за Работнички, Николовски, со тројка. Негативата (68:60), се покажа како недостижна за изменетиот кумановски состав. Екипата од „Градски парк“ беше подобра и во онаа пенал-завршница, за потврда на осмата победа во првенството и место погоре на табелата, кое го делат со Еуро Никел 2005 и Кожув.

Можеби и како некој куриозитет, односно најинтересен момент е оној кој вели дека на овој меч Марјан Младеновиќ дебитираше како играч на Работнички против клубот до кој настапуваше, што се вели, „до вчера“.

На негово место заигра Никола Лакиќ, а ново име во тимот од Куманово за овој втор дел од сезоната е и Јован Црниќ, кој се најде и во стартната петорка на гостинската екипа.

Комплетна статистика од мечот ТУКА.