Младата селекција на Македонија составена од кошаркари „Под 20“ години запиша пораз на вториот подготвителен натпревар на гостувањето во Софија.
Подобра од нашата, беше младинската селeкција на Бугарија кој славеше победа од (73:65).
Нашите млади кошаркари го добија првиот период од проверката во софиска „Тријадица“ до (16:13), но до истекот на првото полувреме домаќинот стигна до егал резултат (35:35).
Бевме подобри од бугарскиот состав во оној трет дел од играта, кој го решивме во своја корист со (20:14), но застанавме во последниот. Домашната селекција имаше доста подобар финиш, за тие десет минути направи (24-10), за резултатски пресврт и краен успех од (73:65).
На оваа „контрола“, Лука Савиќевиќ реализираше 21.поен, имаше и три скокa и едно додавање. Андреј Андоноски постигна 14.поени (плус шест скока и две додавања), додека Марко Миловановиќ оваа средба ја заврши со десет реализации (плус и два скока и три асистенции).
По шест поени постигнаа Хот и Василевски, Младеновски имаше четири, а Петков и Петрушевски по два поени, а Андреј Митревски беше единствениот кој не запиша минути на оваа проверка по која нашиот тим „Под 20“ години се враќа во Скопје.