11.12.2020

Во првиот месец од 2021 година, ќе се одиграат уште три кола од регионалното натпреварување

Вториот „балон“ на АБА 2 лигата од 18. до 24. јануари, во Бања Лука

Она што беше најавено пред извесно време доби своја реализација.

Бања Лука, односно екипата на Борац ќе бидат во улога на организатори на вториот турнир од АБА 2 лигата за сезоната 2020/2021.

Во главниот град на Република Српска е предвидено да се одиграат уште три првенствени кола. Во периодот од 18. до 24. јануари, 2021 година, на програмата ќе бидат натпреварите од 5, 6 и 7. коло од оваа сезона во регионалното натпреварување.

Согласно со календарот нашите два претставници, екипите на МЗТ Скопје и на Работнички ги знаат и своите противници во вториот „балон“ кој ќе се игра во салата „Борик“ во Бања Лука.

Екипата од Аеродром во петтиот круг од натпреварите, на 19. јануари, ќе игра против Хелиос Домжале. Во 6. коло, на 22. јануари, „сино-белите“ ќе играат против Слобода Ужице, а престојот во Бања Лука ќе го заокружат со натпреварот од 7. коло, против Студентски центар, на 24. јануари.

Кошаркарите на Работнички со дуелот против Спарс од Сараево, на 18. јануари ќе го отворат турнирот во Бања Лука.

Средбата од 6. коло, против Горица, „црвено-белите“ треба да ја играат на 21.јануари, а турнирот ќе го завршат на 24. јануари, со натпреварот против екипата на Златибор.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО АБА 2 ЛИГАТА

(втор турнир - Бања Лука)

5. КОЛО

18. ЈАНУАРИ

21.00: Работнички – Спарс

19. ЈАНУАРИ

21.00: Хелиос – МЗТ Скпје Аеродром

6. КОЛО

21. ЈАНУАРИ

13.00: Горица – Работнички

22. ЈАНУАРИ

13.00: МЗТ Скопје Аеродром – Слобода Ужице

7. КОЛО

24. ЈАНУАРИ

13.00: Работнички – Златибор

21.00: Студентски центар – МЗТ Скопје Аеродром