Пријавувањето на екипа за вториот квалификациски турнир од 3х3 зимската лига е официјално отворено!
Првиот турнир од премиерната зимска 3х3 лига се одржа пред крајот на 2020 година, а за две седмици ќе се одржи и вториот квалификациски турнир. На првиот турнир, триумфираа момците од Dust Caffe оставајќи ги зад себе Ангели Терминатори како учесници во финалето, Проект 3х3 и 3х3 Водно Санс како полуфиналисти.
Екипите можат да пријават најмногу шест играчи, од кои четворица ќе имаат право на настап на денот на турнирот.
Бодовите од првиот квалификациски турнир можат да се погледнат на следниот ЛИНК.
Вториот турнир е закажан за в недела, 24.01.2021 година, во СРЦ „Кале“ (голема сала), со почеток во 11:00 часот.
Зимскиот шампион ќе добие парична награда во висина од 2.000 евра и слот за учество на FIBA Challenger, второпласираниот ќе добие парична награда во висина од 1.000 евра додека третопласираната екипа ќе добие парична награда во висина од 500 евра. Сите турнир во рамки на зимската лига ќе бидат FIBA Endorsed.
Пријавите за учество во зимската лига во „3х3“ може да се испратат на следната адреса: 3x3@basketball.org.mk најдоцна до 20.01.2021 година.
Сите турнири ќе бидат одиграни согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.
- Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
- Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
- Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
- Сите турнири се одигруваат без присуство на публика;
- Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот. Секоја екипа ќе има посебно означено место на трибините каде ќе може да ги остави своите лични предмети додека игра на терените;
- Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со општите владини протоколи;