14.11.2021

Уште еднаш покажавме дека можеме да играме против фаворитите, недсостасува еден чекор за нешто повеќе, БиХ победи во „Кале“ (80:64)

ВТОРО КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2023: Не најдовме решение за Џонс и шутот за три поени на Босанките

Македонската женска сениорска репрезентација го запиша вторито пораз во квалификациите за Евробасектот 2023. Вечерва во СРЦ „Кале“ им париравме на кошаркарките на БиХ, но немавме доволен квалитет, пред се подолг играчки ростер, за нешто повеќе од втор неуспех во групата „А“ од квалификациите за пласман на Европскиот шампионат кој за две години ќе се одржи во Словенија и во Израел.  

МАКЕДОНИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА    64:80

Четири тројки погодија гостинските кошаркарки во првите пет минути од играта. Доволно да создадат видлива предност од (17:5) и да го натераат  селекторот на нашата репрезентација Ашаданов на првиот тајм-аут. Минута која нашите кошаркарки ја искористија да се консолидирата, и преку расположената Трајчевска да го намалат притисокот. По нејзиниот деветти поен, намаливме на (13:23), доволно селекторот на гостите Горан Лојо да го потроши својот тајм аут.

На истекот на првиот период, бевме уште поблиску до Босанките, ја „раситнивме“ нивната двоцифрена разлика (15:23).

Вториот ни беше патоказ дека можеме да играме и против еден вака силен противник. Ги дочекавме минутите на Митрашиновиќ. По нејзината серија стигнавме до само шест поени негатива (23:29), а олеснителна околност добивме по четврттата лична грешка на најдобрата кошаркарка на БиХ. Американката Џонкел Џонс до тој момент имаше 17.поени и 7. скока, па оние други пет минути од првото полувреме ги преседе на клупата.

Уште еднаш Македонија дојде на -6, (34:40), но како по некое „правило“, имаше гостинска кошаркарка која знае да погоди за три поени, и да нè одалечи од пресврт. Имаа Босанките девет точни шута зад линијата од 6.75 метри, доволно одново да имаат двоцифрена разлика.

На полувремето водеа со помалку незаслужени (47:34).  

Слично се одвиваа настаните и по одморот. Постојано ја бркавме двоцифрената негатива, противникот се потпираше на путот о далечина. Имавме само еден точен обид за три поени за разлика од БиХ кој имаше десет повеќе, доволно за да ја одржува високата позитива. Добар момент во играта на нашата селекција беше појавувањето на Селцова како поддршка на Митрашиновиќ и на Трајчевска.

Недоволно закрепната Бонер се ориентира повеќе на оној дефанзивен сегмент, и правење простор на соиграчите за полесно поентирање.

Откако одмори, Џонс продолжи со симултанката, до истекот на третиот период дојде до 27. поени и 13. скока, и на својата селекција и донесе уште поубедливи (65:45).  

Поквалитетниот ростер на БиХ дојде до израз во последниот дел од играта во кој напите носители на играта останаа без енергија. Со серијата од (7-0) за водство (72:45), гостинките го потврдија триумфот, втор за нив во „А“ групата од квалификациите за женскиот Евробаскет во 2023 година.

Квалификациите продолжуваат по една година, а следен меч на нашата женска сениорска репрезентација е против селекцијата на Белгија која денеска славеше убедлива победа против Германија (84:55) за ефект за (1-10, колку што имаат и Германките.