04.11.2020

Куманово се намачи со вториот тим на МЗТ Скопје, но победи (77:73, а Еуро Никел 2005 убедлив против Академија ФМП (96:82)

ВТОРО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Аеродромци се рехабилитираа, со тешка победа над Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром брзо се вратија „на колосек“. По загубата од Работнички во вечната пресметка, тимот предводен од Ѓорѓи Кошов славеше победа над сосема добрата екипа од Гевгелија

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           81:75

Доста израмнето протекна првата четвртина од дуелот во СЦ „Јане Сандански“. МЗТ Имаше постојано водство, на крајот го имаше и по истекот на 10.минути од играта (18:17).

Својата прва резултатска предност гостите од Гевгелија го остварија по две минути игра од втората (23:21), период во кој Максвел ги погоди првите четири обиди од поле.

Во средишниот дел од втората четвртина, „металците“ го вратија водството. По 16.минути водеа со пет поени предност, (33:28). А по поените на Мекиќ тоа беше уште повисоко (38:30).

Максвел и Скот најдоа одговор на тој напад, за (34:38). За кратко, ако се земе в предвид дека наредните шест поени го донесоа тимот од Аеродром и до двоцифрена предност, (44:34), за тој дел од играта да финишира во корист на екипата-домаќин од два поени помалку, (44:36).

Третиот период од играта им припадна на гостинските кошаркари. Дел од игра во кој скоро во целост ја анулираа негативата (57:59) и внeсоа неизвесност во мечот. Дел од игра во кој Симоновски му се придружи на Максвел во поентирањето, а Бојиќ беше единствениот кај МЗТ Скопје Аеродром со двоцифрен број на поени -21.

Но и тоа беше со „краток век на траење“ затоа што „сино-белите“ го одбранија тој напад, стигнаа до (78:70), кои во последните 90. секунди ги претворија во прв триумф во новата сезона.  

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка     77:73

Младите кошаркари од редовите на МЗТ Скопје Уни Банка имаа водство во првите осум минути од натпреварот (15:14), по уследи еден неверојатно ефикасен период на Куманово. Кој не само што резултираше со промена на водството, туку на „сино-белите“ им донесе и висока позитива од 17. поени (38:21), како што беше по 14.минути од играта.

Во оние шест, до истекот на првиот дел, избраниците на тренерот Борче Даскаловски сепак анулираа девет од нив. Доволно за достижни, (36:44).  

Уште подостижни беа оние (55:60) забележани на истекот на третата четвртина. Или пак (65:68) на средината од последната, кога на поентерски расположениот Исабел му се приклучија Тодоровски и М. Митевски (со по 12.реализации).

По трет пат од почетокот на оваа сезона, Куманово влезе во драматична завршница. На 25.секунди до крајот, М. Митевски погоди едно слободно фрлање со кое го намали водството на домашниот тим на (73:75). Откако Грент погоди едно слободно фрлање, шансата за продолжение од пет минути не ја искористи Савиќевиќ. Од „поправниот“ Грент беше уште еднаш половично прецизен, но доволно за недостижни (77:73).

Еуро Никел 2005 – Академија ФМП  96:82

Домашните кошаркари имаа многу подобар старт, во кој за само шест минути дојдоа до двоцифрен вишок, изразен преку оние (17:6) кои стоеја на семафорот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Три минути подоцна, Еуро Никел 2005 имаше и (24:13), за тој прв дел од играта заврши со водство на домашната екипа од „само“ шест поени (24:18).

Од тој момент практично играта се претвори во доста израмнета. Кавадарчани ја одржуваа таа разлика. Во 17.минута имаа позитива од осум поени (42:34), по поентирањето на искусниот Караколев.

Таа ефикасна втора четвртина беше затворена со серија од (7-0) на Академија ФМП, за намалување на предноста на противникот на пет поени (50:45).

Ја „утрои“ во третиот дел, во кој со серија од (23:9), Еуро Никел 2005 и стигна до недостижни (73:54). Но што е уште поважно, и до втората победа во новата сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобил – ТФТ  69:79

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           81:75

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка      77:73

Еуро Никел 2005 – Академија ФМП  96:82

Пелистер – Вардар          одложено