Нема ништо лесно дури и за најтрофејниот клуб во државата. Работнички одново се мачеше, но на крајот, макар и по 45.минути успеа во намерата да дојде до победата.
Сериозни проблеми имаа во дуелот со дебитантот во друштвото на најдобрите, Феникс 2010. Ниту 17.поени предност која ја имаа во текот на играта, не им беа доволни за сигурна игра, и за победа.
До неа дојдоа дури во продолжението од пет минути.
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 2010 94:90
Рамноправна прва четвртина одиграа двете екипи во која на истекот на 10.минути, фаворитот имаше три поени повеќе (25:22).
Поголема резултатска промена беше регистрирана во втората четвртина во која најтрофејниот македонски клуб направи посериозна предност. Работнички имаше (41:28) по нешто повеќе од 14.минути од играта. Потоа и уште повисоки, (46:29).
Но „фениксовци“ пронајдоа одговор, макар и делумен. До големиот одмор со контра-серија од (12-4), намалија на достижни (41:50).
Период од играта во кој кај Работнички, Емерсон и Лусиер дадоа по десет поени, а исто таков ефект, но на другата страна од теренот, имаа Хот и Морган.
Второто полувреме помина во обиди на новакот во друштвото на најдобрите да ја анулира и преостанатата негатива. А на теренот се појавија уште неколку нови „поентери“. Марковски и Мустафица на домашната страна, а Митревски на другата ја надминаа двоцифрената бројка на реализации, но крајниот ефект беше скоро ист.
По три одиграни периоди, Работнички додаде еден поен плус во позитивата (69:59).
По четири минути од последниот, Феникс 2010 намали четири од нив. Гостите дојдоа до (70:76). А по тројката на Димитриевски, на 3:14 минути до крајот, и на само „еден посед“ (80:82). По „два плус еден“ играта на Митревски (негов 26.поен), Феникс поведе со (83:82). Израмни Мустафица, а на нерешен резултат, Митревски не искористи дури две шанси да донесе сензационална победа на Феникс 2010, па мораше да се играат дополнителни пет минути.
Очекувано, драматично беше и во екстра периодот. А можеби и клучните потези ги имаше Емерсон, кој прво го врати водството (91:90) на влезот од последните 60.секунди во кои искористи и три од четири сободни фрлања за да ја потврди втората победа, исто така тешка на Работнички.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 89:71
ТФТ – Еуро Никел 2005 85:71
Гостивар – Куманово 2009 85:72
Навико Академија ФМП – Пелистер 66:89
Работнички – Феникс 2010 94:90
10.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
Сала „Независна Македонија“ - Скопје