Феноменален старт имаа битолчани на гостувањето во „Независна Македонија“. Буквално, од првата минута му ставија на знаење на противникот дека оваа вечер изненадуввње нема да има.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ПЕЛИСТЕР 66:89
Феноменален старт имаа битолчани на гостувањето во „Независна Македонија“. Буквално, од првата минута му ставија на знаење на противникот дека оваа вечер изненадуввње нема да има.
Особено добро во одбраната одиграа момците на тренерот Марјан Илиевски. Видливо во резултатот. По десет минути Пелистер имаше големи (26:11) против Навико Академија ФМП.
Како најава на случувањата кои следеа во овој натпревар...
По само две и пол минути од втората, и новата серија, сега од (9-0), „зелените“ беа уште „подалеку“, на неверојатни (35:11). За тајм аут на тренерот на домашната екипа, Александар Петровиќ.
Даде резултат, затоа што симнаа добар дел од таа негатива. За кратко време направија серија од (10-0) за поприфалтиви (21:35). Ја пркеина, со тројка Стајиќ, за рамноправни четири минути од втората четвртина по која гостите имаа висок плус (47:33). Креирана од одличниот Стајиќ, кој собра 12.поени и 3 успешни додавања. Како по обичај, на другата страна парираше Крстајиќ, со 11.реализации.
Многу подобар почеток имааа кошаркарите на Навико Академија ФМП во второто полувреме. Со серија од (11-4) во само две и пол минути, се доближија на едноцифрени (44:51). Своите намери за целосен пресврт домаќините ги продолжија. И по 30.минути играње беа и тоа како блиски, дојдоа на -4, (57:61), откако таа делница ја добија со високи (24:14). А Крстајиќ доби сериозна поентерска поддршка од Бакоч (4/5 за три поени) и Стојановски.
Но тука некаде и застанаа. Екипата со далеку подолг играчки ростер направи уште една серија, сега од (10-2) со која се врати во многу „помирни води“. Пелистер поведе со (71:59).
Тројката на репрезентативецот Ѓуроски ги врати работите „на нормала“ во корист на „зелено-белите“ (78:64) на нешто помалку од пет минути до крајот, во кои екипата домаќин немаше сили за ново приближување