10.10.2021

Дебитантот Ангели не успеа да му парира на младиот тим од Аеродром во второто полувреме, (73:90)

ВТОРО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Прва победа за МЗТ Скопје Уни Банка

Екипите на Ангели и МЗТ Скопје Уни Банка го затворија второто прволигашо коло. По израмнетите 20.минути в кои гостите сепак, имаа постојано водство, дебитантот во друштвото на најдобрите се врати во втората четвртина.   

Но ќе почека на првиот проволигашки успех. Младиот состав од Аеродром продолжи со добра игра и во второто полувреме, и повеќе од доволно за прва шрвенстена радост.

АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА    73:90

Доста израмнето и релативно ефикасно се играше во првото полувреме од овој последен меч од второто првенствено коло.

Со забелешка дека гостите од Аеродром беа тие кои во првиот период од играта направија сосема солидна предност од (28:19). Но ја загубија во текот на вториот во кој новакот во прволигашка конкуренција. На минута и пол пред крајот на првото полувреме, Ангели намали на (42:44), но по пеоните на Петровски, од линијата за слободни фрлања, МЗТ Скопје Уни Банка замина на голем одмор со (46:42).

Некогашниот (позајмен) играч на Ангели, Максим Митевски имаше беспрекорно прво полувреме го заокружи со 16. поени и 4. скока,  со максимална реализација од поле (6/6) и од линијата за слободни фрлања (3/3). Во домашната екипа пак поентерски се одвои странскиот двоец, Мандерсон и Васар кои искомбинираа 25.поени.

По нешто повеќе од три минути од продолжението, гостите од Аеродром одново дојдоа и до двоцифрена позитива, (56:45). До истекот на тој дел од играта се разигра и Рансом (17. поени), па екипата која од клупата ја предводи Перо Блажевски, додаде уште еден поен во позитивата (67:55).

Гостинската серија продолжи и во последната делница, во која Андоноски, о 13. реализации, страна третиот двоцифрен кошаркар кај МЗТ Скопје Уни Банка. Екипа која со нови пет поени, имаше уште повисоки, сега и недостижни (72:55).

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           89:71

ТФТ – Еуро Никел 2005  85:71

Гостивар – Куманово 2009       85:72

Навико Академија ФМП – Пелистер 66:89

Работнички – Феникс 2010       94:90

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка          73:90