Се е поинаку во Гостивар кога има публика на трибините. За прв пат по скоро година и половина, во салата „Младост“ се појавија и „Гемиџиите“ кои му помогнаа на новиот тим на Гостивар да биде подобар од Куманово.
И да дојде до премиерна победа во новата сезона.
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 2009 85:72
Одлични прво полувреме одиграа домашните кошаркари против екипата која не претставуваше во Европа, а потоа и во Балканската луга.
Поентерски играта ја диктираа Ефремовски и Ворку кои имаа 12 односно 11, реализации, со одлична поддршка од Тодоровиќ (9), Силаџи (8) и Дејли (7 поени).
Не изостана резултатот, гостиварските „сино-бели“ имаа плус 14 во однос на оние од Куманово во чии редови двоен број на поени, 10, имаше само Зивчевиќ.
Најголемиот притисок кумановци го направија во текот на третиот период во кој „се симнаа“ на едноцифрен минус. Како што беше во 26.минута. кога по тројката на Кејлеб намалија на (49:57). Но домашната екипа успеа да го одбие тој напад, и таа четвртина да ја затвори со комотни (67:53).
Сличен беше резултатот (75:60) на неполни четири минути до крајот на мечот во Гостивар.
Освен Јанески, одлично одработи стартната постава на Гостивар. Тодоровиќ постигна 23, а Ворку три поени помалку. А голема помош од клупата добија од Силаџи кој освен 13 поени, имаше уште и шест скока.
Кај Куманово, на Зивчевиќ, во поентирањето му се придружија Кејлеб со 15, Настовски со 13, и Глигоријевиќ кој даде 11.поени.