04.11.2020

Најмладиот прволигаш стигна до првата победа во кратката историја на постоењето, против Црн Дрим Грин мобил (79:69)

ВТОРО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Триумф за паметење на ТФТ во Струга

„Дебитантите на дело“, и подобар крај за еден од нив, во овој случај, екипата на ТФТ од Скопје, на отоврањето на второто првенствено коло од новата сезона.

Во Струга, славеа скопјани, во израмнет натпревар, со доста промени на водството, на крајот дури и убедливо

Црн Дрим Грин Мобил – ТФТ            69:79

Доста израмнет беше дуелот во Струга, за што говорат и големиот број на промени на водството во текот на сите 40.минути од натпреварот.

Макар што во уводните минути, гостинската екипа создаде предност од девет поени (13:4), кога стружани некако успеаја да ја стигнат. И до првиот „мал одмор“ да бидат во негатива од два поени (16:18).

Доста изедначено се играше и во втората четвртина во која ниту една од двете екипи- новаци во прволигашката конкуренција, не успеаја да се одвојат на некоја поголема разлика. Но она што се брои, кажа дека Црн Дрим Грин мобил има плус, макар и од еден поен на полувремето (41:40).

Во сличен стил протекна и третиот дел од играта во кој ТФТ беше екипата која по 23.минути, „отскокна“ со позитива од осум  поени (51:43). И која имаше предност пред влегувањето во оној решавачки период (58:55).

Период во кој „црно-белите“ најдоа начин таа разлика и да ја зголемат.  Односно по тројката на Херис, и да ја достигнат истат (65:57). Кога останаа да се доиграат 6:37 минути. А веќе во следниот напад, да ја претворат во двоцифрена, (67:57).

Предност која екипата од Струга, иако пробуваше на доста начини, не успеа да ја достигне, па ТФТ можеше да се радува на првиот, и историски триумф како член на елитната македонска кошаркарска конкуренција.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Црн Дрим Грин Мобил – ТФТ  69:79

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

18.00: Гостивар – Работнички (МТВ 3)

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

18.00: Еуро Никел 2005 – Академија ФМП

Пелистер – Вардар          одложено