28.11.2020

Викендов ќе се одиграат четири натпревари во некомплетниот втор круг од шампионатот

ВТОРО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Колку МЗТ Скопје може против фаворитот Вардар?

Календарот за натпреварување во Првата лига-жени, овој викенд носи четири натпревари. Два на Истокот и исто толку во групата Запад.

Во источната, во недела, од 12.часот, Вардар во улога на фаворит му гостува на МЗТ Скопје во Аеродром.

Два часа подоцна, кошаркарките на КАМ Баскет се во иста улога против дебитантот во ова натпреварување, екипата на Куманово 2020.

На западот, од 13.часот во Кавадарци ќе играат екипите на Трокал и на Шкупи. Ден подоцна, од 17.часот, следува дуелот кој е можеби и најинтересниот во колото број 2, Работнишки-Гостивар.  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ИСТОК

ДВОЈКИ 2. КОЛО

НЕДЕЛА:

12.00: МЗТ Скопје Аеродром - Вардар

14.00: Баскет КАМ – Куманово 2020

К. Паланка – слободен

Пробаскет - слободен

ЗАПАД

ДВОЈКИ 2.КОЛО

САБОТА:

13.00: Трокал – Шкупи

НЕДЕЛА:

17.00: Работнички – Гостивар

Струга 2009 – Пантери    одл.

Бадел 1862 - слободен