18.10.2021

Од 18 часот, вечерва се игра големото дерби, Баскет Кам 2011-Бадел 1862

ВТОРО КОЛО ОД ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Вардар и Струга 2005 продолжуваат со победувањето...

ФОТО: Прва победа за кошаркарките на Крива Паланка во новата сезона

Во пресрет на големото дерби, вечерва од 18.часот, во Македонска Каменица, каде играат ланските финалисти, Баскет Кам 2011 и Бадел 1862, се одиграа преостанатите натпревари од групата „А“.

 

Но и првото коло од групата „Б“.

Кошаркарките на Вардар стигнаа и до втората победа. Овојпат на гостински терен беа многу подобри од Пробаскет (74:41).

До втор триумф во новата сезона стигнаа и кошаркарките на Струга 2009, кои на домашен терен беа многу подобри во натпреварот против екипата на МЗТ Скопје Аеродром (93:55).

Најинтересниот дуел пак се одигра во Крива Паланка, каде младиот домашен состав славеше триумф над Работнички (95:83). Прв за нив во новото издание на женската Прва лига која оваа сезона е поделена на две групи.

Во онаа група „Б“, исто така се одиграа три натпревари.

Со победи во новата натпреварувачка сезона тргнаа Гостивар 2009 кој беше многу подобар од Куманово 2020 (76:36), Трокал на гостински терен во Прилеп против Мега Баскет (90:41), како и новиот прволигаш, штипски Тим Арена која ја победи Риниа во Куманово (93:36). а

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Пробаскет – Вардар        41:74

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 93:55

Крива Паланка – Работнички   95:83

ДЕНЕСКА:

18.00: Баскет КАМ – Бадел 1862

ТАБЕЛА: Струга 2009 4, Вардар 4, Крива Паланка 4, Баскет Кам 2011 2 (-1), Бадел 1862 2 (-1), Работнички 2, МЗТ Скопје Аеродром, Пробаскет 2;  

ИДНО КОЛО (23.10)

Бадел 1862 – Пробаскет

Вардар – Струга 2005

Работнички - Баскет КАМ 2011

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Риниа – Тим Арена          36:93

Мега Баскет – Трокал     41:90

Гостивар 2009 – Куманово 2020         76:36

Патриот 2016 – слободен

ДЕНЕСКА:

18.00: Шкупи - Гризли

ИДНО КОЛО (23.10)

Тим Арена – Куманово 2020

Гризли – Гостивар 2009

Трокал – Патриот 2016

Риниа – Мега Баскет

Шкупи - слободен