Три од планираните четири мечеви се одиграа овој викенд во Првата женска лига. И три убедливи победи за екипите кои важеа како фаворитски.
Во групата Исток, екипата на Вардар беше многу подобра од МЗТ Скопје на гостувањето во Аеродром (90:41), што е втора победа за девојките во „црвено-црна“ комбинација.
Убедливо, со (106:46), екипата на КАМ Баскет славеше во натпреварот со новиот прволигаш, Куманово, а убедливи, но во групата Запад, беа и младите кошаркарките на Трокал во мечот со скопски Шкупи (63:30).
Во ова коло одложени беа натпреварите Работнички-Гостивар односно Струга 2009 и Пантери.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ИСТОК
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 41:90
Баскет КАМ – Куманово 2020 106:46
Крива Паланка – слободен
Пробаскет - слободен
ИДНО КОЛО (02.12)
Крива Паланка – КАМ Баскет
Куманово – Пробаскет
Вардар – слободен
МЗТ Скопје Аерором - слободен
ЗАПАД
Трокал – Шкупи 63:30
Работнички – Гостивар одл.
Струга 2009 – Пантери одл.
Бадел 1862 – слободен
ИДНО КОЛО (02.12)
Бадел 1862 – Трокал
Шкупи – Струга 2009
Пантери - Работнички
Гостивар - слободен