16.11.2020

Пет екипи, засега, имаат максимален ефект по две одиграни кола...

ВТОРО КОЛО ОД ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Ангели поминаа преку Струмица, Борец Баскет исто така

Три натпревари од предвидените пет се одиграа во источната група. И сите три ги добија екипите кои победија и во првото коло од новата сезона.

Највозбудлива беше средбата во Маџари, каде по голема борба, младите кошаркари на Феникс 2010 стигнаа до победата против Шкупи (72:68).

Уште поважен триумф, се чини, остварија кошаркарите на Ангели, на гостувањето во Струмица беа убедливи. Славеа со (67:46), а најубедливиот го реализира Борец Баскет. Велешани беа двојно подобри од Ролинг (104:52), за сигурен старт на новата сезона во Втората лига.

Во групата „Запад“, по две одиграни кола, две екипи со по два триумфи.

Чаир 2030 стигна до сигурни два бода во дуелот со прилепски Мега Баскет (88:70). Битолскиот второлигаш пак славеше на гостувањето кај Охрид (64:60) за максимален ефект.

До првите победи во новиот шампионат дојдоа екипите на Спарта, во мечот со Спорт Тим, во Неготино (76:69), и уште една екипа од Битола, Пелистер Медика карта која за три поени беше подобра од Риниа (86:83).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ 

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

ЗАПАД

Спорт Тим – Спарта         69:76

Охрид – Хераклеа 60:64

Пелистер Медика карта – Риниа        86:83

Чаир 2030 – Мега Баскет           88:70

Тетекс ТТК – Партизан Водно Санс    одл.

ТАБЕЛА: Чаир 2030 4, Хераклеа 4, Риниа 3, Спарта 3, Пелистер Медика карта 4, Мега Баскет 3, Тетекс ТТК 2 (-1), Охрид 2, Спорт Тим 2, Партизан Водно Санс 1 (-1)

ИДНО 3. КОЛО (21.11)

Партизан Водно Санс – Спорт Тим

Мега Баскет – Тетекс ТТК

Риниа – Чаир 2030

Хераклеа – Пелистер Медика карта

Спарта - Охрид

ИСТОК

Феникс 2010 – Шкупи     72:68

Ролинг 08 – Борец Баскет          52:104

Струмица – Ангели          46:67

МКК Куманово – Пробаскет     одл.

Баскет КАМ – Куманово 2         одл.

ТАБЕЛА: Борец Баскет 4, Ангели 4, Феникс 2010 4, Шкупи 3, Куманово-2 2 (-1), Струмица 2, Ролинг 08 2, МКК Куманово 1 (-1), Пробаскет 1 (-1), Баскет КАМ 1 (-1)

ИДНО 3. КОЛО (21.11)

Ангели – Феникс 2010

Куманово 2 – Струмица

Борец Баскет – КАМ Баскет

Пробаскет – Ролинг 08

Шкупи – МКК Куманово