ФОТО: Кошаркарите на Вардар ја извојуваа и втората победа
Дали две кола беа доволни за да се испрати најава кои екипи би претендирале за највисок пласман ви место во Првата лига во новата натреварувачка сезона. Веројатно не, но три екипи тргнаа со максимален учинок. Два натпревари, две победи.
Тоа важи за екипите на Чаир 2030, Вардар и Партизан Водно Санс, единствените со максимален ефект на почетокот на новата сезона.
Убедлив триумф на домашен терен остварија кошаркарите на Чаир 2030 во дуелот со велешки Борец Баскeт (84:55), сигурен на домашен терен беше и Партизан Водно Санс против новиот второлигаш Соколи 1933 од Штип (73:61).
А се чини дека најважната победа оди кај кошаркарите на Вардар кои во дуелот на двете екипи кои лани играа во друштвото на најдобрите, како гостин, во Струга го совлада Црн Дрим (97:91).
До првите победи во сезоната дојдоа и кошаркарите на Тетекс ТТК, против Шкупи (78:69), Баскет КАМ во натпреварот со Струмица (86:60), како и Охрид кој ја победи битолска Хераклеа (82:63).
Без победа остануваат исто така три екипи, Борец Баскет, Црн Дрим и Хераклеа.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Партизан Водно Санс – Соколи 1933 73:61
Чаир 2030 – Борец Баскет 84:55
Тетекс ТТК – Шкупи 78:69
Баскет КАМ – Струмица 86:60
Охрид – Хераклеа 82:63
Црн Дрим – Вардар 91:97
ТАБЕЛА: Чаир 203 4, Вардар 4, Партизан Водно Санс 4, Баскет КАМ 3, Струмица 3, Охрид 3, Шкупи 3, Соколи 1933 3, Тетекс ТТК 3, Борец Баскет 2, Црн Дрим 2, Хераклеа 2;
ИДНО КОЛО (23.10)
Хераклеа – Тетекс ТТК
Вардар – Баскет КАМ
Соколи 1933 – Борец Баскет
Шкупи – Црн Дрим
Чаир 2030 – Охрид
Струмица - Партизан Водно Санс