01.10.2023

Домаќинот Леотар славеше во финалниот натпревар со минимални (83:81), со тројка реализирана на четири секунди пред крајот

Второ место за Баскет Кам на премиерниот турнир од Балканската лига

Кошаркарките на Баскет Кам не успеаја да стигнат до првото место на премиерниот турнир од новоформираната женска Балканска лига.

Во финалниот натпревар на турнирот во Требиње, екипата од Македонска Каменица загуби од домаќинот Леотар, со минимални (83:81).

Победникот беше решен на четири секунди пред крајот на мечот, кога при водство на Баскет Кам, (81:80), Кузмановиќ го погоди шутот за победа.

Претходно двете екипи се менуваа во водството, и ниту една од нив не нарави некоја посериозна предност. Барем не во првото полувреме, кое сепак го доби Леотар со (43:39).

Нашиот претставник доминираше во третиот квартал, во кој конечно успеа да се одвои, и да поведе со (62:57).

Но тоа се покажа како недоволно за конечна победа, затоа што екипата од Требиње имаше подобар финиш, во кој и со малку среќа, потребна за вакви натпревари, стигна до триумфот.

Адамовска беше прв стрелец на овој меч кај нашиот првак, и освојувач на Суперкупот, даде 24.поени. Ја следеше Димова која испорача 21.поен. А пред да ја заработи петтата лична грешка, Кметовска запиша 15.поени.