Третото коло од Втората лига е зад нас по овој ноемвриски викенд. Донесе возбудувања, како на Истокот така и на Западот.
Но и нешто појасна слика околу оној распоред на екипите.
Иако се уште е рано за некои заклучоци, макар и по три одиграни натпревари, веќе се издвоија и толку екипи во двете зони од натпреварувањето, кои засега се на стонастотен ефект.
На Истокот во таа улога е екипата на ТФТ. Скопските „црно-бели“ беа преубедливи во пресметката со велешки Борец Баскет. Славеа со 104:66, доволно за сочувување на максималниот ефект, единствена во ова друштво.
Со победата над Шкупи (84:51), Струмица се израмни со бодовите кои ги има тимот од Велес.
На Западот пак, во улога на непобедени се екипите на Партизан Мулти Шпед, односно Мега Баскет.
Во еден крајно неизвесен меч, Партизан беше подобар од струшки Црн Дрим (91:87), додека пак Мега Баскет имаше поен плус на гостувањето во Неготино, против Спорт Тим (69:68).
При врвот на табелата, сега со ефект (2-1) е и битолска Хераклеа, која во овој круг од натпреварувањето имаше 20.поени вишок на гостувањето кај Албес (84:64).
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
ИСТОК
Струмица – Шкупи 84:51
Феникс 2010 – МКК Куманово 81:68
ТФТ – Борец Баскет 104:66
Спарта – Риниа 26.11
ТАБЕЛА: ТФТ 6, Струмица 5, Борец Баскет 5, Шкупи 4 Феникс 2010 3, Баскет Кам 3 (-1), МКК Куманово 3, Риниа 2 (-2), Спарта 2 (-1)
ЗАПАД
Албес – Хераклеа 64:84
Тетекс ТТК – Ангели 65:59
Спорт Тим – Мега Баскет 68:69
Партизан Мулти Шпед – Црн Дрим 91:87
ТАБЕЛА: Партизан МШ 6, Мега Баскет 6, Црн Дрим 5, Хераклеа 5, Тетекс ТТК 4, Ангели 3 (-1), Спорт Тим 3, Чаир 2030 2 (-1), Албес 2 (-1)