Кошаркарките на Бадел 1862 ја пропуштија својата прва прилика да обезбедат место кое води во следната, суперлигашка фаза. Загубија на гостувањето во Пожега. Екипата на Пламен беше доста подобра од нив, па „баделки“ ќе мора да ги бараат двата бода во дуелот во Скопје, против белградски Партизан
ПЛАМЕН ПОЖЕГА – БАДЕЛ 1862 94:63
Две одлични и ефикасни четвртини, првата и третата, им беа доволни на кошаркарките на Пламен да го скршат отпорот на нашиот претставник во ова натпреваруавње. По првите десет минути се стекнаа со високи (27:10), а по нерешената втора четвртина во која Бадел 1862 беше максимално рамноправен ривал, се беше јасно по истекот на третата.
Десет минути во кои домашниот тим креираше (27:9), кои беа и повеќе од доволни за убедливи и недостижни (80:48).
Ивана Кметовска реализираше 21.поен, додека пак Александра Стојановска застана на 16.поени и шест скока. Нашата репрезентативка имаше и седум освоени односно шест загубени топки за 33:24 минути поминати на паркетот во Пожега.
По девет одиграни натпревари во WABA лигата, македонскиот вицепрвак ма скор (3-9). А во последното решавачко десетто коло, на свој терен го дочекува Партизан (ефект од 2-6). Победата го остава нашиот тим на 4 позиција, последната која обезбедува играње во Суперлигата, од групата „Б“ на регионалното женско натпреварување.
A во Подгорица, Баскет Кам 2011 го игра натпреварот против Будуќност Бемакс. Македонскиот шампион беше без многу шанси на овој меч. На крајот запиша упте едне пораз во премиерно излеиување во оваа силна конкуренција. Домаќната екипа славеше сигурен триумф.
БАСКЕТ КАМ 2011 - БУДУЌНОСТ БЕМАКС 61:87
Според заедничкиот договор, овие две екипи ќе одиграат уште еден меч во Подгорица, во кој во улога на официјален домаќин ќе биде Будуќност Бемакс. Овој натпревар ќе се одигра на 9. декември (четврток), со почетпк во 18.30 часот.
Екипата на Баскет кам 2011 е без шанси за пласман во следната фаза од натпреварите.