09.02.2022

Екипата од Нови Сад по втор пат подобра од нашиот претставник, во Скопје сигурни (80:59) за фаворитот

WABA ЛИГА: Бадел 1862 не успеа да ја изненади Војводина

Иако се надеваа на успех, и на уште една победа во суперлигашката конкуренција во WABA лигата, кошаркарките на Бадел 1862 ќе мора да почекаат нова шанса да ја победат новосадска Војводина.

БАДЕЛ 1862 – ВОЈВОДИНА 021                59:80

Кошаркарките на Бадел 1862 не успеаја да ги реализираат најавите од пред почетокот на овој дуел. Екипата од Нови Сад се покажа како далеку поквалитетна, како екипа во која играа сите, што не беше случај со домашната.

Во првите 15.минути од играта, „баделки“ уфрлија само 18 поени, а од нив, дури 14 постигна Александра Стојановска.

На другата страна, Војводина 021 имаше далеку подобра „распределба на поените“. Поентираа дури осум кошаркарки, доволн прбата четвртина да ја реализираат со високи (21:8), што им дозволи далеку порелаксиран пристап кон обврските во продолжението од мечот.

Минути во кои „жолто-сините“ воспоставија резултатска рамнотежа, но противникот имаше комфорна предност (33:17), каква имаа на средина на втората четвртина.

Без никакви измени во играта, и особено во резултатот, помина и второто полувреме од средбата која се играше во салата „Независна Македонија“ во Скопје. Гостинките од Нови Сад играа онолку колку што им беше потребно да ја оддржат, и дури и да ја зголемат таа сигурна предност, и на крајот да ја претворат во убедлив триумф.

Очекувано, кај Бадел 1862 се издвоија три кошаркарки. По добриот старт и игра во првотото полувреме, Александра Стојановска застана на 14 поени. До 15 дојде Ивана Кметовска, а Нена Трајчевска пак ја заврши средбата со 16. реализирани поени.