16.03.2022

Во реваншот, по пет дололнителни минути, беа подобри од белградски Партизан (113:95)

WABA ЛИГА: Баскет Кам 2011 го освои деветтото место на Јадранот

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 го освоија деветтото место на своето премиерно учество во женската Јадранска Лига. Во реванш средбата ја надокнадија негативата од 15. поени во двомечот со белградки Партизан. Пред своите гледачи во Македонска Каменица беа подобри од својот пославен ривал од Белград...

Баскет Кам 2011 – Партизан      113:95

По израмнетото прво полувреме кое, со минимални (48:47) им припадна на нашите шампионки работите почнаа да се менуваат во продолжението на средбата во која одбраната како и да не постоеше, на двете страни од теренот.

По три одиграни четвртини, македонскиот шампион водеше со (74:68). А до потребната позитива од 15 поени, екипата од Македонска Каменица стигна во средината на последната четвртина, поведе со (91:86).

До крајот на регуларниот дел, избранишките на тренерот Јордан Цветановски ја задржаа таа предност (99:84), по што мораше да се одигра продолжение од пет минути, ако се земе в предвид дека девојките во „црно-бела“ комбинација го добија првиот меч во Белград со идентична разлика (86:71).

 А во екстра периодот домашните кошаркарки беа подобри, и го реализираа во своја корист со (113:95), доволно да го освојат деветтото место во премиерниот настап во WABA лигата.

Пвпј викенд, на 19 и 20 мает во Подгорица се игра финалниот турнир на кој ќе бид епознат и новиот освојувач на титулата во ова женско регионално натпреварување.

Во полуфиналните средби, на 19 март, ќе разигруваат Цинкарна од Цеље и Орлови од Бања Лука, односно Будуќност Бемакс од Подгорица и бугарската Монтана 2003.