09.12.2021

Будуќност Бемакс е пресилен противник за македонскиот првак. Победи и во вториот меч одигран во рок од два дена во Подгорица (83:46)

WABA лига: Баскет Кам 2011 ја заврши сезоната на Јадранот

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 со пораз го завршија своето деби учество во женската Јадранска лига.

На вториот натпревар одигран во рок од 48.часа, уште еднаш беа поразени од Будуќност Бемакс.

БУДУЌНОСТ БЕМАКС – БАСКЕТ КАМ 2011  83:46

И во овие втори 40.минути кошаркарките од Подгорица го потврдија фаворитскиот статус и стигнаа до максимален ефект, осум победи во исто толку одиграни мечеви.

За македонскиот првак пак ова беше простување од првото појавување во оваа конкуренција во кое реализираа две (службени) победи и осум порази во групата „А“.

На последниот меч во јадранскиот дел од сезоната, екипата од Македонска Каменица делумно паришаше во првото полувреме во кое и имаше некоја резучтатска неизвесност.

Но со серија од (25-9) во третата четвртина, Будуќност Бемакс ги тргна сите дилеми околу победникот. А Адијат Адамс стигна до висок дабл-дабл ефект од 16.поени и 19.скока во нашата екипа во која по осум реализации запишаа репрезентативките Поп Димитровска и Тасевска, а по седум српскиот двоец Пуљизовиќ-Алексиќ.