Втор, исто така убедлив пораз за екипата на Баскет Кам 2011 во нивното прво излегување надвор од границите на нашата земја. Во вториот одигран натпревар, прв на гостински терен, во Крањ, скратениот состав од Македонска Каменица загуби од Триглав.
ТРИГЛАВ – БАСКЕТ КАМ 2011 82:54
Многу работи станаа јасни уте по 20.минути од играта на овој наттпревар. Ако во првата четвртина екипата од Македонска Каменица одржуваше каква-таква рамноправна игра, нивниот систем попушти во вториот период од играта. Оној во кој домашните кошаркарки направија високи (21-8) кои им беа доволни за повеќе од убедливо водство на полувремето (43:21).
Без промени се одвиваше и продолжението на овој меч во Крањ. Домашните кошаркарки продолжија да ја зголемуваат и онака високата предност. Беа на плус 25 (62:37) по три одиграни четвртини.
Адијат Адамс и Снежана Алексиќ беа единствените кошаркарки во гостинската екипа за ова квалитетно ниво на натпреварување. Американката реализираше дабл-дабл ефект од18.поени и 14.скока, додека пак српската интњернационалка имаше исто така 18.поени (и пет асистенции), останаа без вистинска поддршка од доста помладите соиграчи.
Во следното, за нив трето коло од групата „А“, кошаркарките на Баскет КАМ 2011, на 20. октомври на домашен паркет, ќе го пречекаат фаворитот Будуќност Бемакс од Подгорица.
Нешто порано, вечерва, Бадел 1862 стигна до прв триумф во оваа јадранска конкуренција. Како гостин славеше против екипата на Бановичи со резултат (70:57).