27.01.2021

На средбата во Стара Загора, Анџелика Митрашиновиќ реализира пет поени, седум скока и четири асистенции во поразот (60:77)

WABA ЛИГА: Берое му се реваншираше на Будуќност, за ко-лидерско место на табелата

Екипата на Будуќност Бемакс го загуби првото место на табелата во WABA лига. Во дербито на вториот дел од првата фаза, екипата на Берое на свој терен беше убедлива против ослабениот тим од Подгорица.

Славеше со резултат (77:60), па сега има ист ефект како и Будуќност. Двете екипи имаат по два порази, со забелешка дека онаа од Подгорица има одиграно и два натпревари повеќе.

Она што е поважно е дека Анџелика Митрашиновиќ, како стартер одигра 30:49 минути за гостинската екипа. Капитенот на нашиот женски национален тим реализираше пет поени (1/1 за три, 0/4 за два, и 2/4 за еден поен). Имаше и седум скока, четири асистенции, и три освоени топки.

Таа утре се враќа во Скопје, од каде би требало да тргне за Охрид и да им се придружи на своите репрезентативки колешки на подготовките за претстојните квалификациски средби на турнирот во Рига.