06.10.2021

Фаворитот славеше на гостувањето во Скопје (95:52)

WABA ЛИГА: Цинкарна Цеље пресилна за Бадел 1862

Кошаркарките на Бадел 1862 го забележаа и вториот пораз во новата сезона на женското регонално натпреварување. Подобри од нив, повторно на домашен терен, беше екипата на Цинкарна од Цеље.

БАДЕЛ 1862 – ЦИНКАРНА ЦЕЉЕ         52:95

„Баделки“ пружија отпор во првиот период од играта во кој гостинките од Словенија водеа со (21:14).

Но разликата во квалитетот, особено во „должината на ростерот“ стана видлива во вторито приод од игрта во кој словенечката екипа направи двојо поголема предност. И со право покажа дека и оваа сезона ќе атакува на трофејот во ова регионално натпреварување во женска конкуренција.

На полувремето, Цинкара Цеље веќе имаше и повеќе од убедливо водство од (49:28).

Во продолжението, играта повторно беше рамноправна. Ударниот двоец на Бадел 1862 Стојановска-Трајчевска доби нешто „поголем простор“. Тоа знаеше да го искористи (искомбинираа 27.поени во три дела од играта), и да одржува егал резултат во четвртината.

Но не и да „симне“ дел од високата негатива. Освен Димова и донекаде Кметовска (влезе во проблеми со личните грешки), немаа други кошаркарки кои тој отпор би го направиле и поголем, посилен. Освен доа, домашните кошаркарки во само три чеѕвртини од играта веќе имаа дури 27. загубени топки, незамисливо за едно вака силно натпреварување. 

Трајчевска заври со 19.поени, Стојановска имаше 14, а двоцифрен број на реализации во домашната екипа имаа и Димова (11) и Кметовска (10).

По две одиграни кола во WABA лигата, Бадел 1862 има два порази. Во третото, на 13. октомври, девојките во „сино-жолта“ комбинација гостуваат во БиХ, на екиоата РМУ Бановичи.