Можеби најдобро прво полувреме имаа кошаркарките на Бадел 1862 во оваа сезона на женската јадранска лига.
БАДЕЛ 1862 – БУДУЌНОСТ БЕМАКС 59:67
Дефинитивно и најдобра прва четвртина во која на големиот фаворит му покажаа дека со право се составен дел на ова високо друштво, најсилното регионално натпреварување.
Реализираа двоцифрена предност (24:14) домшните кошаркарки во првите десет минути. Во оние наредните не само што успеаја да ја задржат, туку ја поместија на уште повисоки (44.33).
Но по одморот, на теренот во слаата „Независна Македонија“ како да беа сосема други екипи. Гостинките од Подгорица направија голем пресврт. Во третиот период на „баделки“ им дозволија да реализираат само шест, дадоа 21. поен, доволно за преземање на водството (54:50).
По серијата од (7-1), Будуќност „побегна“ на двоцифрени (61:51) по три минути игра од последната четвртина. Тоа се покажа и како недостижно за домашниот тим во кој Стојановска и Кметовска имаа по 18. реализации, но за комплетно изненадување против лидерот, недостасуваше поголема „логистика“ од останатите.
Веќе на 9. Феврури, Бадел 1862 игра уште еден натпревар на домашен терен. Во Скопје доаѓа екипата на Војводина 021 од Нови Сад.